Првиот розев болид во светот во Формула 1 го привлече вниманието на бројните Ф1 фанови ширум светот во 2017 година, по што следуваат три успешни сезони на соработка.
Како резултат на меѓусебната доверба, BWT и Рејсинг Поинт, отидоа чекор подалеку, така што тимот оваа сезона ќе го има официјалното име - BWT Racing Point F1 Team.
Новиот RP20, како што беше откриено пред новинарите и избраните гости, ќе го задржи карактеристичното розово обојување(сега уште во поголема мера), додека логото на BWT ќе добие поистакнато место на каросеријата.
Болидот кој беше прикажан на денешната презентација е RP19, но со новите бои. Вистинскиот RP20 веќе е испратен во Барселона, на патеката Каталуња.
Отмар Шафнауер, шеф на тимот, коментираше: "Името Рејсинг Поинт ќе престане да постои на крајот на 2020 година, за во 2021 година да настапуваме под името Астон Мартин Ф1 Тим. Сега се работи на подготовка на фабричкиот тим, но тоа не значи дека имаме намера да ги занемариме задачите за 2020 сезоната."
"RP20 мора да биде конкурентен и во при врвот на поредокот. Оваа година сакаме да станеме четврти, сакаме да се приближиме до водечките три тима и да го предводиме поредокот во средината на табелата. Неопходно е да се направи чекор напред и да се вратиме на претходните позиции."
"Ова не е лесно, бидејќи битката станува сè понеизвесна. Минатата година Мекларен направи одлична работа, Рено е автомобилски гигант со повеќе од 650 луѓе кои работат на својот тим. Дури и АлфаТаури ќе биде сериозен ривал благодарение на сработеното во Хонда. Но, никогаш не сме работеле толку многу како оваа зима. Всушност, таквото нешто како "зимска пауза" е нешто од минатото."
"Во првата фаза во Австралија, нашиот болид нема да има премногу нови делови, бидејќи доцна се вклучивме во неговиот развој, но потоа тие ќе се појават. Мислам дека во 2020 година ќе ги видиме двајцата наши возачи на победничкиот подиум."
Серџо Перез, изјави: "Година по година, не замислував дека ќе бидам толку многу години во Формула 1 Шампионатот, но јас сум импресиониран од тоа како напредува овој тим. Со новото раководство и поддршката од BWT, ќе достигнеме нови успеси. Овој тим има одлични изгледи, мило ми е што неодамна го продолжив мојот договор."
"Оваа зима се разбудував многу рано, затоа што сега имам две деца, па мојот одмор беше исполнет со многу настани, но дојде Февруари и јас со нетрпение чекам да се вратам зад воланот."
"RP20, изгледа одлично и мислам дека треба да биде брз. Верувам во нашиот тим, па го продолжив договорот на три години, до крајот на 2022 година. Оваа година ќе иаме само шест тест дена, па е особено важно да се искористи секој од нив до максимум."
Ленс Строл, коментираше: "Идната соработка со Астон Мартин е проект на татко ми. Се разбира, разговаравме на оваа тема со него. Ова е многу интересна вест и ми се допаѓаат овие промени во тимот. Но, нашиот нов болид е сеуште розов и треба да се фокусираме на оваа сезона."
"Според мое мислење, партнерството со Астон Мартин ги охрабри сите што работат во Рејсинг Поинт. Ова е интересен проект и треба да додаде вредност на нашиот тим. Одлично е на многу начини."
Новиот 2020 болид на Рејсинг Поинт, RP20 |