Позната е теоријата дека ако болидот може да биде брз во Барселона, тогаш може да биде брз на повеќето патеки од календарот. Тоа е она што сите тимови ќе се обидуваат да се воспостави во текот на трите тест дена.
Сите десет тимови ќе бидат во акција на скратеното предсезонско тестирање кое ќе одвива од 19 до 21 Февруари и од 26 до 28 Февруари. Претходните години тимовите имаа осум дена за тестирање, но оваа 2020 сезона на располагање ќе имаат само шест тест денови.
Тимовите треба да бидат исклучително внимателни кога ја планираат својата тест програма, бидејќи ќе биде уште потешко да се надокнади изгубената километража подоцна во тест деновите.
Тест сесиите на Каталуња, треба да ни дадат и првична слика за распоредот на силите помеѓу тимовите. Најдобрите од нив, вообичаено, не ги откриваат сите карти, тие не работат во квалификациски режим со минимална количина на гориво во резервоарите и не ја вклучуваат целосната моќност на погонските единици.
Она на што треба да се внимава се времињата при долгите стинтови кои може да бидат добар индикатор за вистинската состојба на нештата. За секој тим на овие тестови многу е важно секој круг да се користи со максимална ефикасност и да се комплетираат што е можно повеќе од нив без поголеми проблеми. Едно нешто што не може да се скрие, а тоа е издржливоста на ПЕ, ако некој има многу проблеми, така ќе биде и во текот на целата сезона.
Обично, прва сесија се користи да се проверат сите системи на болидите и да се работи на балансот на шасијата. Возачите ќе сакаат што подобро да ги разберат карактеристиките на новите болиди и неговата корелација со гумите на Пирели, кои станаа значајна компонента за успешни резултати. И да го имате најбрзиот болид на гридот, ако не ги разберете гумите, нема да имате резултати.
Резултатите се секогаш релативни, но тимовите внимателно ќе се следат еден со друг. Како и секогаш, никој нема да знае кој има колку гориво во резервоарите и какви модови на ПЕ се користат, но, денес инженерите се опремени со многу алатки за работа и прибирање на информации, што најверојатно ќе им овозможи да го проценат соодносот на силите на гридот. Дали тоа ќе го споделат со јавноста е друго прашање.
ВОЗАЧИ ЗА ПРВАТА ПРЕД СЕЗОНСКА ТЕСТ СЕСИЈА | |||
ТИМ | СРЕДА, 19/2/2020 | ЧЕТРТОК, 20/2/2020 | ПЕТОК, 21/2/2020 |
Мерцедес АМГ | Ботас/Хамилтон | Хамилтон/Ботас | Ботас/Хамилтон |
Ферари | Себастијан Ветел | Леклерк/Ветел | Чарлс Леклерк |
Ред Бул | Макс Верстапен | Алекс Албон | Верстапен/Албон |
Мекларен | Карлос Саинц Јр. | Ландо Норис | Норис/Саинц Јр. |
Рено | Окон/Рикиардо | Рикиардо/Окон | Окон/Рикиардо |
АлфаТаури | Данил Квјат | Пјер Гасли | Квјат/Гасли |
Рејсинг Поинт | Перез/Строл | Серџо Перез | Ленс Строл |
Алфа Ромео | Кубица/Џовинаци | Кими Раиконен | Антонио Џовинаци |
Хас | Кевин Магнусен | Роман Грожан | Грожан/Магнусен |
Вилијамс | Расел/Латифи | Џорџ Расел | Николас Латифи |
@МкФормула1 - Република Македонија @MkFormula1 - Republic of Macedonia |
Работниот ден ќе започнува во 09:00 и ќе трае до 18:00 часот со едночасовна пауза за ручек од 13:00-14:00. Поради намалениот број тест денови, повеќето од тимовите ќе ги искористат паузите за ручек за ресетирање на болидите за промена на своите возачи.
Формула 1 менаџментот и ФИА, во обид да им овозможат на фановите колку што е можно повеќе информации, најавија новости кои што се однесуваат на пред-сезонските тест сесии.
Имено, за прв пат, сите шест тест денови во Барселона, ќе се пренесуваат во живо на дигиталната платформа F1 TV Pro, како и на телевизиски канали на британскиот и италијанскиот Sky F1.
На тимовите повеќе не им е дозволено да распоредуваат паравани пред нивните гаражи се додека патеката е отворена. Исклучок од ова правило имаме, во случај кога болидот треба да се поправи по инцидент или технички дефект.
Тоа значи дека, уште од самиот почеток на зимските тест сесии, десетте нови болиди ќе бидат целосно видливи за медиумите во Ф1 падокот, за фановите на трибините и за оние што ќе гледаат во живо на Ф1 телевизијата.
Пред почетокот на првата пред сезонска тест сесија, Алфа Ромео, Рено и Хас официјално ќе го презентираат своите 2020 болиди. Комплетните извештаи и галерии од сите тимови ги имате на следниот линк: ПРЕЗЕНТАЦИИ.