Иако некои аналитичари изразија сомневање на регуларноста, инженерите на Мерцедес АМГ не се сомневаат во законитоста на нивниот управувачки систем, што сите го забележаа на вториот ден од тестирањето во Барселона.
На прес-конференцијата која се одржа за време на денешната пауза за ручек, учествуваше и техничкиот директор на Мерцедес АМГ, Џејмс Алисон, кој изјави дека ФИА е свесна за воведувањето на оваа новина.
"Ние навистина имаме таков систем на болдиот, тоа е нова идеја. Ние го нарекуваме овој систем DAS (dual axis steering) или во буквален превод управување со двојна оска. Овој систем воведува уште една дополнителна димензија во управување на болдиот и се надеваме дека ќе го искористиме во текот на сезоната. Сепак, како точно го користиме ДАС-системот и зошто, ние ќе ги задржиме овие информации само за нас."
"Развојот на овој систем не беше нова вест за ФИА, бидејќи ние веќе подолго време разговараме со нив на оваа тема. Прописите многу јасно опишуваат што е дозволено при управувањето со болидот и ние сме убедени дека нашиот изум ги исполнува сите регулативи. Драго ми е што ДАС-системот се појави на болидот. Се чини дека работи, и во следните неколку дена ќе процениме какви придобивки може да ни донесе."
Според експертите кои ги консултираше германскиот АМУС, веруваат дека менувањето на положбата на тркалата ви овозможува поефикасно да работите со температуриот опсег на гумите.
Енди Грин, техничкиот директор на Рејсинг Поинт, смета дека системот е во согласност со регулативата: "Колку што можеме да видиме во видеото, овој уред е дел од управувачкиот систем. Во регулативата се вели дека возачот може да ја промени позицијата на предните тркала со помош на управувачот. Правилата не прецизираат во кој правец."
SOUND ON!!! Сите 10 Болиди во Акција
Минатата година кога Ферари беше во комуникација со ФИА и користеше непознат за останатите систем за зголемување на моќноста на нивната погонска единица не важеше правилото кое го применуваат денес, објавувајќи ударни изјави на повеќе членови на Мерцедес АМГ и сестрински тимови, дека системот е 100% легален.
Напротив, тогаш се објавуваа ударни вести од засегнатите тимови дека во Ферари имаат нерегуларна погонска единица.
Во текот на изминатите сезони, но и понатаму ќе продолжиме со покривање на врвниот мотоспорт со целосна страст и посветеност на наш независен начин и сигурно не под влијание на насловите на Англиските медиуми, или било кои други кои го оправдуваат своето, а кудат другото создавајќи непримерна слика за тимовите.