Мерцедес АМГ го копираше пристапот од изминатите години, возејќи максимално можно растојание со двајцата возачи на секој од трите тест дена. Ова им овозможи на Луис Хамилтон и Валтери Ботас, непречено да влезат во работниот ритам по зимската пауза, без преоптоварување на мускулите на вратот. Возеа по половина ден со комплетирани 80-100 круга и го предаваа болидот на тимскиот колега. Како резултат на тоа, Мерцедес АМГ повторно беше тимот со најмногу поминати километри, без некои поголеми проблеми.
Медиумите не посветија многу внимание на нивните резултати, туку во центарот на вниманието беше иновативниот DAS-систем, кој им овозможува на возачите да го променат аголот на предните тркала. Во последниве години, ретко кој успеал да ги изненади ривалите на овој начин.
Се чинеше дека во услови на идентични правила и прописи е речиси невозможно да се дојде до нешто сосема ново, уште повеќе, бидејќи инженерите веќе размислуваат за 2021 година. Тимот на Мерцедес АМГ успеа да ја разбуди зависта кај своите конкуренти. На вториот тест ден, кога DAS-ситемот беше тестиран, многумина помислија - Зошто нам не ни текна ова.
За откривањето на новиот управувачки систем на Мерцедес АМГ се заслужни новите одлуки на сопствениците на Формула 1, Либерти Медија.
Од сите три тест дена имаше телевизиски пренос во живо, вклучувајќи ги и камерите од болидите, сликата им беше достапна на сите во падокот во Барселона и сите видоа како возачите на Мерцедес АМГ го поместуваат воланот напред и назад.
Во претходните години, новитетот ќе се откриеше во текот на сезоната, што веројатно ќе доведеше до приговори, но сега сè е видливо уште пред да започне сезоната, на тест сесиите. Засега нема официјални приговори за легалноста на овој систем.
Споредено со минатата година, Ферари се повлече во сенка, и при долгите стинтови и во кфалификациските, ако воопшто ги имаше?!? Тимот ова го објасни со промена во пристапот кон тестирањето, но дали е тоа единствената причина.
Тоа е нешто што наскоро ќе го дознаеме, но додека сите тимови велат дека вистинскиот поредок ќе се разјасни во Мелбурн, тимскиот шеф на Ферари, Матија Биното на третиот ден од тестовите призна дека тие заостануваат.
Звучеше многу неочекувано. До последно се зборуваше за битка за титулите уште од првите трки. Се поставува прашањето, дали Италијанците се предадоа на уште незапочната сезона, или ова е обид да се залаже конкуренцијата?!?
Исто така и во Ред Бул немаа многу коментари околу нивните резултати од тест сесијата, но, според аналитичарите нивниот болид RB16 на патеката изгледаше многу добро. Според изминатата километража, се чини дека инженерите ги елиминираа слабостите на ланскиот болид, кој на крајот на сезоната се бореше под еднакви услови со Мерцедес АМГ.
Кога сме кај останатите тимови, делува дека борбата за 4тото место кај конструкторите ќе биде најинтересна од било кога досега.
Одлуката на Лоренс Строл позначително да инвестира во Рејсинг Поинт имаше големо влијание кај овој тим. Тие се одлучија да го "купат" минатогодишниот болид на Мерцедес АМГ, бидејќи во АлфаТаури секогаш за основа го имаат минатогодишниот болид на Ред Бул, иако со различна амортизација.
Од гледна точка на правилата, сè е чисто. Новиот RP20 беше преименуван во "Розe Мерцедес". Но, Мекларен и Рено не се задоволни од овој развој на настаните, добија силни противници. Борбата со клоновите на минатогодишниот Мерцедес АМГ и Ред Бул, потпирајќи се само на нивниот сопствен развој, ќе им биде тешко. Пред донесувањето на некои конечни заклучоци ќе го почекаме крајот на втората претсезонска тест сесија која започнува оваа среда, 26 Февруари.
ПРВИЧНИ ИМПРЕСИИ ОД ПРВАТА ТЕСТ СЕСИЈА
2/23/2020 02:00:00 PM
0
Share to other apps