Формула 1 со Берни Екелстоун на чело тешко да одбереше тркачкиот викенд да се одржува на петок 13-ти, но новите сопственици не се толку суеверни, па да видиме како ќе се покаже тоа на 2020 сезоната.
ВИДЕО РЕЗИМЕ НА ПРВИОТ ДЕН
По првите три тест дена, сите во падокот во Барселона се едногласни во својата пресуда дека еден тим прикажа најмногу, а тоа е Мерцедес АМГ, чив болид W11, беше добро избалансиран и брз, веднаш по излегувањето од нивната гаража. Одредени аналитичари, прогнзираат дека имаат осум десетинки предност пред своите најблиски ривали.
По завршување на последните три тест дена за оваа сезона, треба да имаме првична слика за распоредот на силите помеѓу тимовите. Најдобрите од нив, вообичаено, не ги откриваат сите карти, тие не работат во квалификациски режим со минимална количина на гориво во резервоарите и не ја вклучуваат целосната моќност на погонските единици.
ВИДЕО РЕЗИМЕ НА ВТОРИОТ ДЕН
Оваа сезона ќе биде позната и како година на клоновите, со појавувањето на Розe Мерцедесот и "модниот" Ред Бул. Ако тука се додадат Хас и Алфа Ромео, кои имаат сличности со Ферари, не сме далеку од вистината. Мекларен и Рено не се задоволни од овој развој на настаните, но ја продолжуваат битката само со помош на сопствените ресурси.
ВИДЕО РЕЗИМЕ ТРЕТ ДЕН
ВОЗАЧИ ЗА ПРВАТА ПРЕД СЕЗОНСКА ТЕСТ СЕСИЈА | |||
ТИМ | СРЕДА, 26/2/2020 | ЧЕТРТОК, 27/2/2020 | ПЕТОК, 28/2/2020 |
Мерцедес АМГ | Хамилтон/Ботас | Ботас/Хамилтон | Хамилтон/Ботас |
Ферари | Ветел/Леклерк | Себастијан Ветел | Чарлс Леклерк |
Ред Бул | Албон/Верстапен | Верстапен/Албон | Албон/Верстапен |
Мекларен | Саинц Јр./Норис | Ландо Норис | Карлос Саинц Јр. |
Рено | Рикиардо/Окон | Окон/Рикиардо | Рикиардо/Окон |
АлфаТаури | Гасли/Квјат | Пјер Гасли | Данил Квјат |
Рејсинг Поинт | Строл/Перез | Ленс Строл | Серџо Перез |
Алфа Ромео | Кубица/Раиконен | Антонио Џовинаци | Кими Раиконен |
Хас | Роман Грожан | Кевин Магнусен | Магнусен/Грожан |
Вилијамс | Латифи/Расел | Николас Латифи | Џорџ Расел |
@МкФормула1 - Република Македонија ЛИНК - 2020 ПРЕЗЕНТАЦИИ - ЛИНК ЛИНК - ПОДЕТАЛНО ЗА ТИМОВИТЕ - ЛИНК ЛИНК - ПОДЕТАЛНО ЗА ВОЗАЧИТЕ - ЛИНК ЛИНК - 2020 КАЛЕНДАР - ЛИНК @MkFormula1 - Republic of Macedonia |
Работниот ден започнува во 09:00 и ќе трае до 18:00 часот со едночасовна пауза за ручек од 13:00-14:00. Поради намалениот број тест денови, повеќето од тимовите ќе ги искористат паузите за ручек за ресетирање на болидите за промена на своите возачи.
Формула 1 менаџментот и ФИА, во обид да им овозможат на фановите колку што е можно повеќе информации, воведоа новости кои што се однесуваат на пред-сезонските тест сесии.
Имено, за прв пат, сите шест тест денови во Барселона, се пренесуваат во живо на дигиталната платформа F1 TV Pro, како и на телевизиски канали на британскиот и италијанскиот Sky F1.
На тимовите повеќе не им е дозволено да распоредуваат паравани пред нивните гаражи се додека патеката е отворена. Исклучок од ова правило имаме, во случај кога болидот треба да се поправи по инцидент или технички дефект.
Тоа значи дека, уште од самиот почеток на зимските тест сесии, десетте нови болиди ќе бидат целосно видливи за медиумите во Ф1 падокот, за фановите на трибините и за оние што ќе гледаат во живо на Ф1 телевизијата.
SOUND ON - Како звучат сите 2020 болиди