Песната се вика Beat Me, нејзината премиера се случи утрово на локалното Радио538, а во петок 24-годишната пејачка ќе ја пее на холандската верзија на телевизиското шоу "THE VOICE". Песната моментално е достапна само на SPOTIFY.
"Јас сум многу гордa што бев поканета да ја создадам официјалната химна на Холандското ГП! Beat Me e песна за тоа како невозможното може да се постигне преку напорна работа, преку обиди и грешки."
"Фактот што народот на Холандија можеше за толку кратко време да организира ваков голем меѓународен настан во нашата мала земја, се должи на фактот дека ја вложуваме целата своја душа во овој проект, што ја отсликува пораката што ја содржи оваа песна."
Пејачката ќе ја изведе песната на 3 Мај пред почетокот на трката, како и на нејзините два настапи кои ќе се одржат во деновите на тркачкиот викенд.
Пред враќањето на Формула 1 во Холандија по 35-годишно отсуство, во Зандворт се случи обемен проект за реновирање на патеката, вклучително и модификација на два свиоци со нагиб.
Последниот свиок ќе биде под агол од 18 степени, што го прави двојно пострмен од тој во Индијанаполис, патека која беше домаќин на САД ГПто меѓу 2000 и 2007 година. Третиот свиок, Хугенхолц, ќе има и нагиб/косина од 19 степени.