Засегнатите тимови испратија официјално барање до ФИА да се испита Ферари Погонската Единица. Се шпекулираше дека инженерите на италијанскиот тим успеале да најдат решение кое овозможува да ги заобиколат сензорите за потрошувачка на гориво.
Така, моторите во нивната ПЕ би можеле да потрошат повеќе од предвидените 105кг на гориво што е дозволено со регулативата. ФИА непосредно пред САД ГПто издаде неколку технички директив, со кои експлицитно се забрани употреба на системи што влијаат на сензорите за потрошувачка на гориво.
По нивното објавување, Ферари не беше конкурентен како претходно. Инженерите на Ферари велеа дека тоа е едноставна случајност и сите претпоставки за влијанието на директивата во намалувањето на моќноста на нивната ПЕ немаат никаква основа.
Денес, ФИА објави кратко, но невообичаено соопштение под наслов - ФИА ја заврши анализата на 2019 Ферари ПЕ.
Подолу го објавуваме целиот текст во оригиналната верзија, но можеме да заклучиме дека претставниците на федерацијата најдоа нешто во нивната погонска единица што не е во согласност со регулативите, но страните постигнале договор кој само ним им е познат, и ФИА нема да превзема понатамоши акции по ова прашање.
ЦЕЛОСЕН ТЕКСТ НА СООПШТЕНИЕТО ЗА ФИА
The FIA announces that, after thorough technical investigations, it has concluded its analysis of the operation of the Scuderia Ferrari Formula 1 Power Unit and reached a settlement with the team. The specifics of the agreement will remain between the parties.
The FIA and Scuderia Ferrari have agreed to a number of technical commitments that will improve the monitoring of all Formula 1 Power Units for forthcoming championship seasons as well as assist the FIA in other regulatory duties in Formula 1 and in its research activities on carbon emissions and sustainable fuels.
Некој ќе рече ФИА дефинитивно го фаворизира Мерцедес АМГ, другите дека Ферари имале нерегуларна ПЕ. Тајноста на ФИА по ова прашање ќе го дозволи и тоа и тоа.
Дали беше потребно ова баш во овој момент?!?
Можеби Не, можеби ДА. Не бидува Формула 1 без афери. Да има за што да се зборува, шпекулира кога веќе нема натпревар на патеките, туку доминиација на еден тим...