Матија Биното, Тимскиот шеф на Ферари, е упорен во своите изјави дека новиот болид, SF1000, не е доволно брз.
"Сe повеќе ги разбираме карактеристиките на болидот и судејќи според изминатите тест денови, не можеме да кажеме дека сме доволно брзи. Денес, за прв пат спроведовме симулација на трка, и исто така дојдовме до заклучок дека нашиот болид не е најбрз."
"Но, претстои многу долга сезона, па ајде прво да ги завршиме тестовите и да видиме каде се наоѓаме во глобалната слика на сите тимови. Се разбира, ние веќе ги идентификувавме оние области на кои треба да се фокусираме за време на развојот на SF1000."
"Ако ја споредиме неговата брзина со карактеристиките на минатогодишниот болид, тогаш е јасно дека се справува многу подобро со свиоците, но не е толку брз на правците. Морам да признаам дека не сме доволно конкурентни за да бараме победа во првата фаза од сезоната."
"Денес, за време на симулацијата на трка за Мерцедес АМГ, се појави проблем за Луис Хамилтон, но, во почетниот сегмент тој покажа импресивно темпо, па искрено можам да кажам дека ние не се обидуваме да ја скриеме нашата вистинска брзина."
"Исто така, верувам дека болидот на Рејсинг Поинт е барем блиску до нас во брзина, што не е ни изненадувачки, само погледнете како изгледа нивниот RP20. До одреден степен, тие претставуваат закана за нас."
"Но, Ферари е доволно силен тим, можеме да го развиеме нашиот болид доволно ефикасно, и не се сомневам дека ќе станеме посилни за да не се плашиме од заканите од нашите противници."
БИНОТО УПОРЕН, НЕ ГИ КРИЕМЕ НАШИТЕ ПЕРФОРМАНСИ
2/27/2020 08:46:00 PM
0
Share to other apps