Тимот на Вилијамс официјално ги прикажа новите бои на FW43, нивниот болид за тековната 2020 сезона. Тимот од Гроув мораше да ги промени боите, откако одби да соработува со британската компанија RoKit, по неплатените рати за главно спонзорство.
Оваа Британска компанија излезе нефер, особено сега кога се шпекулира дека побегнале не поради пандемијата со коронавирусот, туку да потпишат договор со Мерцедес АМГ.
На болидот повторно доминира белата боја како основа за новиот изглед, украсена со две нијанси на сина боја, посветли тонови од тие претставени на почетокот од сезоната и потемни, потсетувајќи на оригиналните бои на болидите на Вилијамс во минатото.
Потемно сината нијанса на Вилијамс FW43 преовладува во задниот дел од болидот, каде на задното крило е името на тимот наместо спонзор.
Истакнато место имаат логоата на останатите спонзори, како SOFINA, сопственост на Мајкл Латифи, таткото на возачот на тимот Николас Латифи.
Друг спонзор поврзан со Латифи е Италијанскиот бренд LAVAZZA, а компанијата на Латифи е главен увозник на ова кафе на канадскиот пазар.
Од останатите повидливи логоа на спонзори се тие на Руската ИТ компанија Акронис и Понос, развивач на видео игри од Јапонија.
ФОТО: ПРЕЗЕНТИРАНИ НОВИТЕ 2020 БОИ НА ВИЛИЈАМС FW43
6/26/2020 11:02:00 AM
0
Tags
Share to other apps