Во тимот на Ред Бул владее фрустрирачко расположение, особено поради огромното заостанување во однос на Мерцедес АМГ.
Разочарувачки беше што Алекс Албон не успеа да се пласира во Q3 сесијата, но загубеното време во Т3 и особено вчерашното излетување си го направија своето.
Макс Ферстапен направи одлична работа да го извади максимумот од RB16, за најдобрата стартна позиција за тимот од 2016 година на патеката Силверстоун.
Разликата со Мерцедес АМГ е неподнослива, но нивното темпо е често поконкурентно на трка во споредба со квалификациите, па да се надеваме дека Ред Бул може да парира на утрешното Британско Гран При.
Макс Ферстапен, П3: "Во принцип, јас би рекол дека имавме добри квалификации и извадивме сè што можевме. Мојот последен круг во Q3 беше добар, но многу рано можеше да се види дека Мерцедес АМГ е премногу брз, исто како што беа во последните неколку трки."
"Среќен сум со П3, која ни дава можност за борба, па се надевам дека можеме да имаме чист старт и да го задржиме притисокот кон најбрзите. Ветерот е голем фактор тука и овие болиди се многу чувствителни на тоа. Вчера беше навистина незгодно да се вози низ бавните свиоци, но сè уште учиме за RB16 и се обидуваме да го подобриме."
"Мислам дека најдовме добра насока, за овој викенд ми се чини дека имаме попредвидлив болид и беше многу забавно да се вози. Ќе се обидеме да забележиме добри поени, барем да останеме на третото место, но секогаш се надеваме на повеќе."
МАКС ФЕРСТАПЕН СЕ НАДЕВА НА ПОВИСОК ПЛАСМАН ОД ТРЕТОТО МЕСТО
8/01/2020 07:21:00 PM
0
Share to other apps



