Најслабaтa карика во тркачкиот викенд за Алфа Ромео се квалификациите, а тоа се покажа и денеска на патеката Силверстоун.
Инженерите на тимот велат дека денешните перформанси се нешто подобри и веќе може да се размислува за поминување на Q1 сесијата со двата болиди.
Антонио Џовинаџи заврши на 17-та, веднаш пред Кими Раиконен на 18-та позиција.
Целта останува иста, пласман на првите десет места кои носат поени. Велат дека прават бебешки чекори, но тие се во вистинската насока.
Кими Раиконен, П18: "Болидот беше подобар за овој викенд, се чувствував добро во него и управувањето беше добро, но очигледно е дека сè уште нешто недостасува."
"Можев да имам малку повисок пласман на гридот, бидејќи имав сообраќај на последниот свиок, иако да бидеме фер, крајниот резултат не би бил премногу поразличен."
"Имаме работи на кои треба да работиме како тим, направивме подобрување, но треба да продолжиме во истата насока. Утрешната трка треба да биде интересна, кога очекувам да бидеме подобри и да се бориме за место во првите десет."
КИМИ РАИКОНЕН ОЧЕКУВА ТОП 10 ПЛАСМАН
8/01/2020 07:50:00 PM
0
Share to other apps



