Возачите на Мерцедес АМГ на Јубилејната Ф1 трка не можеа да се натпреваруваат со Макс Ферстапен, и затоа преминале во режим на ограничување на штета уште рано во текот на трката, како би биле сигурни дека нема да ги изгубат второто и третото место.
Луис Хамилтон, П2: "Имавме навистина предизвикувачка трка. Фер игра на Макс за Победа, Ред Бул изгледа дека ги немаше проблеми со гумите со кои ние се соочивме. Благодарен сум што успеавме да ја завршиме трката на второто место и да забележиме добри поени. Не очекувавме да се бориме со блистерингот до тој степен што го доживеавме."
"Се беше до менаџирање на гумите, од првиот, вториот, последниот стинт, но ништо не помагаше. Во последните кругови се чувствував како да се тркам со половина гуми. Не знам дали некој друг тим ги имаше овие проблеми, па ќе мора да видиме што се случи денес, но знам дека тимот ќе се снајде."
Валтери Ботас, П3: "Тоа беше фрустрирачка трка. Никогаш не е убаво да се започне од Пол и да се заврши на трето место. Мислам дека бевме доста бавни од моментот кога ја изгубив позицијата на патеката од Макс. Потенцијално можевме да имаме подолг втор стинт, како што направи Луис, за да можам да напаѓам повеќе кон крајот на трката со посвежи гуми. Се обидов да останам во чекор со Макс, но веднаш штом почнав да форсирам, гумите само се распаднаа."
"Навистина се боревме со блистерингот, кога се појавува го губите грипот и перформансите, и се станува многу потешко. Се чини дека другите тимови, особено Ред Бул, го немаа истиот проблем, па ќе мора да го разгледаме тоа и да се обидеме да разбереме зошто се случи, но како и секогаш ќе продолжиме понатаму и ќе се обидеме да се вратиме посилни."
ЛУИС И ВАЛТЕРИ ЕДНОГЛАСНИ, ПНЕВМАТИЦИТЕ СЕ ГЛАВНИОТ ВИНОВНИК
8/10/2020 10:42:00 AM
0
Share to other apps

