Дуото на Мерцедес АМГ имаше премногу проблеми со белите пневматици на Пирели, па и покрај стартот од првиот ред не успеаа да пружат отпор на Ред Бул. Луис Хамилтон како и секогаш подобар и похрабар во менаџирањето на пневматиците.
Чарлс Леклер со уште еден неочекувано висок резултат за Ферари на четвртото место, додека неговиот тимски колега Себастијан Ветел со извртување во првиот свиок немаше шанси за нешто повеќе.
На стартот од трката Валтери Ботас го задржа водството по првиот свиок, пред својот тимски колега, додека зад нив Макс Ферстапен го претекна Нико Хулкенберг за третото место.
Надолу во поредокот, Себастијан Ветел кој стартуваше од 11-тата позиција имаше извртување во првиот свиок, во моменти додека го следеше Леклер низ внатрешната страна на истиот. Карлос Саинц Јр. со Мекларен имаше многу среќа да не настрада при овој инцидент на Германецот во Ферари, кој што на патеката се врати на последното место.
Луис Хамилтон веднаш го нападна Валтери Ботас, но Финецот успеа да го издржи иницијалниот напад, по што разликата помеѓу нив се одржуваше на безбедна дистанца по пневматиците на Британецот.
Кога двајцата возачи на Мерцедес АМГ почнаа да се оддалечуваат од Ред Булот на Макс Ферстапен милевме дека следува уште една досадна трка, но по 10тина извозени круга стратегијата на Ред Бул започна да дава резултат.
Белите гуми на кои стартуваше Холанѓанецот добија на темпо, додека жолтите кај возачите на Мерцедес АМГ започнаа да откажуваат многу брзо. Инженерите дури и го предупредија Ферстапен да не се приближува премногу до Хамилтон, но тој одлучно им одбруси и им кажа дека сега е неговата шанса да нападне.
Сепак не доби шанса за претекнување, туку водството го прeзеде по влегувањето во бокс на Мерцедесите во 15от круг од трката...
Возачите на Мерцедес, особено Ботас, веднаш промената започнаа да бележат најбрзи кругови во таа фаза од трката, но наскоро стана јасно дека Ферстаппен е во можност да го држи нивното темпо и покрај значително постарите гуми од почетниот стинт.
Ред Бул го повикаа Ферстапен во бокс во 26от круг од трката, каде ги замени белите со жолтите гуми на Пирели. На патеката се врати веднаш зад Ботас, пред се благодарение на релативно бавниот пит-стоп од дури 3.3 секунди (Просек за механичарите на Ред бул досега беше 2.10 секунди).
Но, кога нешто не оди, не оди, па така Ботас само неколку минути се радуваше на првото место, по што беше претекнат од Холанѓанецот, по што изгради доволна разлика за да може да ја контролира трката.
Сепак тоа не се случи, па Луис Хамилтон влезе во бокс 10 круга подоцна и се врати на патеката на четвртото место зад Леклер, кој пак имаше одличен настап и примена на "невозможната" според Пирели стратегија со едно застанување во бокс. Ферарито не беше проблем за Хамилтон, кој пролета покрај него, по што следна цел беше Ботас.
Кога се најде веднаш зад болидот на својот тимски колега, од тимот на Мерцедес АМГ им дадоа слобода да се тркаат, но беше и премногу очигледно дека Финецот не е во состојба да пружи поголем отпор и веќе до крајот на 49 круг Британецот се најде на второто место.
Во тие моменти Ферстапен имаше предност од скоро девет секунди, што не беа достижни за Хамилтон, па Ред Бул ја забележа својата прва победа сезонава. Леклер со едно застанување во бокс го зеде неочекуваното четврто место за Ферари, а Алекс Албон се подобри со петтото место, за разлика од минатата трка на истата патека.
Ленс Строл финишираше на шестото место, пред привремениот тимски колега, Нико Хулкенберг, кој не се снајде најдобро со менаџирањето на пневматиците и мораше по трет пат во бокс.
Естебан Окон, слично на Леклер имаше стратегија со едно застанување во бокс, и од 14тата стартна позиција стигна до осмото место, при што Ландо Норис и Даниел Квјат ги заокружија освојувачите на поени. Кевин Магнусен со Хас беше единствениот возач кој не забележа пласман на јубилејната трка.
| 70 ГОДИНИ Ф1 ГРАН ПРИ 52 круга, 306.198км., Време: Сончево |
|||
| ПЛАСМАН: | |||
| П. | ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ |
| 1. | Макс Ферстапен | Ред Бул | 1ч19:41.993 |
| 2. | Луис Хамилтон | Мерцедес АМГ | + 11.326 |
| 3. | Валтери Ботас | Мерцедес АМГ | + 19.231 |
| 4. | Чарлс Леклер | Ферари | + 29.289 |
| 5. | Алекс Албон | Ред Бул | + 39.146 |
| 6. | Ленс Строл | Рејсинг Поинт | + 42.538 |
| 7. | Нико Хулкенберг | Рејсинг Поинт | + 55.951 |
| 8. | Естебан Окон | Рено | + 1:04.773 |
| 9. | Ландо Норис | Мекларен | + 1:05.554 |
| 10. | Даниел Квјат | АлфаТаури | + 1:09.669 |
| 11. | Пјер Гасли | АлфаТаури | + 1:10.642 |
| 12. | Себастијан Ветел | Ферари | + 1:13.370 |
| 13. | Карлос Саинц ЈР. | Мекларен | + 1:14.070 |
| 14. | Даниел Рикиардо | Рено | + 1 круг |
| 15. | Кими Раиконен | Алфа Ромео | + 1 круг |
| 16. | Роман Грожан | Хас | + 1 круг |
| 17. | Антонио Џовинаци | Алфа Ромео | + 1 круг |
| 18. | Џорџ Расел | Вилијамс | + 1 круг |
| 19. | Николас Латифи | Вилијамс | + 1 круг |
| НАЈБРЗ КРУГ: ЛУИС ХАМИЛТОН - 1:28.451 | |||
| БЕЗ ПЛАСМАН: | |||
| 20. | Кевин Магнусен* | Хас | дефект |
| ВИДЕО РЕЗИМЕ НА ТРКАТА
2014 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 2ч26:52.094 2015 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1ч31:27.729 2016 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1ч34:55.831 2017 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1ч21:27.430 2018 Себастијан Ветел - Ферари - 1ч27:29.789 2019 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1ч26:52.094 2020 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1ч28:01.283 2020 Макс Ферстапен - Ред Бул - 1ч19:41.993(70ГП) |
|||
| @МкФормула1 - РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА @MkFormula1 - REPUBLIC OF MACEDONIA |
|||
| ***ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН 05/??*** | |||
| ВОЗАЧИ: | |||
| 1. | Луис Хамилтон | 107 | |
| 2. | Макс Ферстапен | 77 | |
| 3. | Валтери Ботас | 73 | |
| 4. | Чарлс Леклер | 45 | |
| 5. | Ландо Норис | 38 | |
| 6. | Алекс Албон | 36 | |
| 7. | Ленс Строл | 28 | |
| 8. | Серџо Перез | 22 | |
| 9. | Даниел Рикиардо | 20 | |
| 10. | Естебан Окон | 16 | |
| 11. | Карлос Саинц ЈР. | 15 | |
| 12. | Пјер Гасли | 12 | |
| 13. | Себастијан Ветел | 10 | |
| 14. | Нико Хулкенберг | 6 | |
| 15. | Антонио Џовинаци | 2 | |
| 16. | Даниел Квјат | 2 | |
| 17. | Кевин Магнусен | 1 | |
| 18. | Кими Раиконен | 0 | |
| 19. | Николас Латифи | 0 | |
| 20. | Џорџ Расел | 0 | |
| 21. | Роман Грожан | 0 | |
| КОНСТРУКТОРИ: | |||
| 1. | Мерцедес АМГ | 180 | |
| 2. | Ред Бул | 113 | |
| 3. | Ферари | 55 | |
| 4. | Мекларен | 53 | |
| 5. | Рејсинг Поинт | 41 | |
| 6. | Рено | 36 | |
| 7. | АлфаТаури | 14 | |
| 8. | Алфа Ромео | 2 | |
| 9. | Хас | 1 | |
| 10. | Вилијамс | 0 | |






