Јубилејната 70 години Ф1 трка беше неверојатна за тимот на Ред Бул, со доминатното возење и победа на Макс Ферстапен над Мерцедес АМГ, тимот кој е во друга повисока лига оваа 2020 сезона.
За нив се започна со ризикот во квалификациите и изборот на Холанѓанецот да стартува на белите гуми, кои работеа беспрекорно на РБ16 и во моментите кога возачите на Мерцедес АМГ ги заменија старите со нови гуми.
Згора на тоа и кога беа победени при првиот пит-стоп Макс по само неколку свиоци го претекна Мерцедесот на Валтери Ботас со леснотија за да ја забележи својата деветта победа.
Макс Ферстапен, П1: "Имавме убав ден и јас сум многу среќен со резултатот што го постигнавме, направивме сé како што треба, како тим. Трката покажа дека ја имавме вистинска стратегија по нашата одлука да се квалификуваме на белите гуми и задоволен сум што се исплати."
"Мислам дека должината и темпото на нашиот прв стинт беше клучот за да бидеме конкурентни, бидејќи жолтите гуми не траат толку долго, така што стартот на белите гуми дефинитивно беше вистинска одлука."
"Можеме да видиме дека РБ16 работи добро на помеките смеши, особено во трка, и се грижи за неговите гуми. Кога сте во можност да го претекнете и да се оддалечите од Мерцедес АМГ, тоа е навистина задоволувачки."
"Се разбира, се надевам дека ова ќе се случува многу повеќе во текот на сезоната и ние ќе продолжиме да го даваме својот максимум и покрај тоа што тие се доминантен тим."
"Ќе продолжиме да работиме, имаме навистина добар тимски дух и сакам никогаш да не се откажуваме и да ризикуваме."
"Ќе уживаме во оваа Победа, затоа што сите во тимот го заслужуваат тоа после целата напорна работа, а потоа ќе го насочиме нашето внимание кон трката која веќе следниот викенд ќе се одвива во Барселона."
МАКС ФЕРСТАПЕН - НАПРАВИВМЕ СЕ КАКО ШТО ТРЕБА, КАКО ТИМ
8/10/2020 11:16:00 AM
0
Share to other apps




