Оптималната стратегија за Абу Даби ГП-то, кое се состои од 55 круга, е едно застанување за промена на гумите. Со почетен стинт од 18 круга на жолтите гуми и завршен стинт од 37 круга на белите, или обратно.
Исто така, алтернативна верзија е старт на црвените гуми, кои би се замениле по 14 круга, за потоа трката да се финишира на белите гуми. Тоа би бил стинт од 41 круг, што ќе ги намали перфомансите на најтврдата смеша, па затоа овој избор е малку побавен во однос на вкупното време на трка.
Стратегија со две застанувања за промена на гумите е значително побавна опција, особено што позицијата на патеката е клучна на Јас Марина, каде престигнувањето е многу тешко изводливо, дополнително со комплицираниот излез од боксевите што додава на загубата на време.
Начинот на кој би можело да се изведе оваа стратегија се два стинта од по 12 круга на црвените гуми, едниот на почетокот, а другиот како последен, плус еден стинг од 31 круг на белите гуми.
Сите горенаведени стратегии можат да се извршуваат по кој било редослед, и со тоа што двајцата фаворити започнуваат со жолтите гуми, тие имаат многу опции, во зависност од реалните стапки на деградација што ќе ги среќаваат за време на трката, со потенцијалното опаѓање на температурите на патеката во текот на ноќта.
Марио Изола, Пирели: "Квалификациите отсекогаш биле клучни за исходот на трката за ГН на Абу Даби, повеќе од половина победникот стартувал од Пол позицијата. Жолтите гуми се најпогодни, а пет возачи од Топ 10 пласманот ќе ја започнат трката со оваа смеша."
"Рекордот на патеката, поставен минатата година, не беше надминат. Болидите оваа година возат малку побавно. Можеби тоа е поради фактот што овој викенд нема трки за поддршка, Формула 2 и Формула 3, така што има помалку гума на патеката и полош грип."
"Утре тројцата најбрзи ќе стартуваат на жолти, а некои многу брзи болиди на црвените гуми, така што трката ќе биде интересна и тактички интригирачка, особено на стартот."
| 2020 ГОЛЕМА НАГРАДА НА АБУ ДАБИ СТАРТЕН РЕДОСЛЕД |
|
| 1. МАКС ФЕРСТАПЕН - РЕД БУЛ | |
| 2. ВАЛТЕРИ БОТАС - МЕРЦЕДЕС АМГ | |
| 3. ЛУИС ХАМИЛТОН - МЕРЦЕДЕС АМГ | |
| 4. ЛАНДО НОРИС - МЕКЛАРЕН | |
| 5. АЛЕКС АЛБОН - РЕД БУЛ | |
| 6. КАРЛОС САИНЦ ЈР. - МЕКЛАРЕН | |
| 7. ДАНИЕЛ КВЈАТ - АЛФАТАУРИ | |
| 8. ЛЕНС СТРОЛ - РЕЈСИНГ ПОИНТ | |
| 9. ПЈЕР ГАСЛИ - АЛФАТАУРИ | |
| 10. ЕСТЕБАН ОКОН - РЕНО | |
| 11. ДАНИЕЛ РИКИАРДО - РЕНО | |
| 12. ЧАРЛС ЛЕКЛЕР - ФЕРАРИ | |
| 13. СЕБАСТИЈАН ВЕТЕЛ - ФЕРАРИ | |
| 14. АНТОНИО ЏОВИНАЦИ - АЛФА РОМЕО | |
| 15. КИМИ РАИКОНЕН - АЛФА РОМЕО | |
| 16. ЏОРЏ РАСЕЛ - ВИЛИЈАМС | |
| 17. ПЈЕТРО ФИТИПАЛДИ - ХАС | |
| 18. НИКОЛАС ЛАТИФИ - ВИЛИЈАМС | |
| 19. СЕРЏО ПЕРЕЗ - РЕЈСИНГ ПОИНТ | |
| 20. КЕВИН МАГНУСЕН - ХАС | |
|
@МкФормула1 - РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИА @MkFormula1 - REPUBLIC OF MACEDONIA |
|





