Американската инвестициска групација МСП Спорт Капитал се здоби со удел во Формула 1 тимот на Мекларен, со што стана нивни стратешки партнер.
Вредноста на Мекларен се проценува на 560 милиони фунти, а новиот финансиска прилив на кеш ќе придонесе за успешно спроведување на долгорочните планови на тимот во Формула 1 Шампионатот,т.е. нивните намера за редовна борба за Победи.
МСП дејствува заедно со своите стратешки партнери, тоа се компании како што се УБС О'Конор и компаниите Наџафи.
Конзорциумот од инвеститори ќе купи значителен удел, 33%, во тимот на Мекларен, според кој тие ќе инјектираат 185 милиони фунти во период од две години.
Тимскиот шеф и извршен директор Зак Браун е под долгогодишен договор со Мекларен и тимот ќе се развива под негово лидерство. Пол Волш е Претседател на Мекларен, додека Jам Наџафи и Шеикот Мохамед бин Еса Ал Калифа ќе станат потпретседатели.
Како дел од трансакцијата, Џеф Морад од МСП и Родриго Трелес Забала од УБС се назначени во управниот одбор на Мекларен, заедно со Султан Оџех и Вил Грифитс од Мекларен Групацијата.
* Сите коментари се прегледуваат пред да се објават.



