Првично, по Големата Награда на Абу Даби, што требаше да се одржи две недели порано, беше планирано да се спроведе тридневно тестирање на 18" гуми на Пирели. Но, пандемијата на коронавирусот ги смени плановите, па преминот кон гуми од 18 инчи беше одложен, а тест сесијата беше скратена на еден ден и преименувана во тест сесија на млади возачи.
Претходно, под млади возачи во ФИА се подразбираа возачи кои во својата кариера немаат возено повеќе од две Ф1 трки. Но, Рено се обрати до ФИА со барање да одобри учество на тестовите на 39-годишниот двократен шампион Фернандо Алонсо, а федерацијата неочекувано се согласи.
Потоа од Ферари побараа дозвола за учество на Карлос Саинц Јр., кој ќе им се приклучи од следната година, на тие беа одбиени, со образложение дека може да учествува секој возач што претходната година не бил дел од 2020 Ф1 шампионатот.
Покрај тоа, на денешната тест сесија беше забрането да се користат делови за 2021 година. Болидите мораа целосно да се усогласат со прописите од 2020 година, а возачите можеа да работат само со две смеши од тековниот опсег на Пирели, па така добија по пет комплети C4 и два комплети C5 гуми.
Најмногу кругови, 129, комплетираше единствениот русин на асфалтот, Роберт Шварцман, кој го возеше болидот на Ферари. Мик Шумахер беше на днот на табелата. За разлика од конкуренцијата, тимот на Хас имаше само еден болид на патеката.
Германецот исто така имаше напорен ден, а од тимот изјавија дека се фокусирале на адаптација на возачот со цел веднаш да започне со работа со болидот за време на пред-сезонската тест сесија во Барселона.
Имаше некоку излетувања од патеката, и тоа Себастиен Буеми, Јуки Цунода и Жоу Гуанју имаа блзок контакт со бариерите покрај патеката, но без последици за болидите.
Болидот на Вилијамс зад чив волан беше, Рој Нисани, застана на патеката, што резултираше со единствените црвени знамиња во текот на денот.
Со ова 2020 сезоната и официјално е завршена, а следна акција на Ф1 болидите ќе биде на 2 Март 2021 година кога ќе започне тридневната тест сесија во Барселона.
2020 АБУ ДАБИ ТЕСТ СЕСИЈА | |||||
П. | ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ | РАЗЛИКА | КРУГ |
1 | Фернандо Алонсо | Рено | 1:36.333 | 105(C5) | |
2 | Ник де Врис | Мерцедес АМГ | 1:36.595 | + 0.262 | 110(C5) |
3 | Стофел Вандорн | Мерцедес АМГ | 1:36.840 | + 0.507 | 82(C5) |
4 | Роберт Кубица | Алфа Ромео | 1:37.444 | + 1.111 | 89(C5) |
5 | Јуки Цунода | АлфаТаури | 1:37.557 | + 1.224 | 123(C5) |
6 | Јури Випс | Ред Бул | 1:37.770 | + 1.437 | 101(C4) |
7 | Антонио Фуоко | Ферари | 1:37.817 | + 1.484 | 126(C5) |
8 | Калум Илот | Алфа Ромео | 1:37.826 | + 1.493 | 93(C5) |
9 | Жоу Гуанју | Рено | 1:37.902 | + 1.569 | 98(C5) |
10 | Џек Ајткен | Вилијамс | 1:38.153 | + 1.820 | 78(C4) |
11 | Роберт Шварцман | Ферари | 1:38.157 | + 1.824 | 129(C5) |
12 | Себастиен Буеми | Ред Бул | 1:38.284 | + 1.951 | 77(C4) |
13 | Марино Сато | АлфаТаури | 1:38.495 | + 2.162 | 127(C4) |
14 | Рој Нисани | Вилијамс | 1:39.800 | + 3.467 | 75(C4) |
15 | Мик Шумахер | Хас | 1:39.947 | + 3.614 | 125(C5) |
@МкФормула1 - РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА @MkFormula1 - REPUBLIC OF MACEDONIA |