Јуки Цунода е еден од тројцата дебитанти во Формула 1 за претстојната 2021 сезона. За да му помогне на својот возач подобро да се подготви за шампионатот, АлфаТаури му организира дополнителни тестови во Имола со 2018 болидот на Торо Росо.
Првата тест сесија, која ќе трае два дена, ќе се одржи следната недела, 27 и 28 Јануари. Вторите тестови ќе се одржат од 23 до 25 Февруари, а на 24 Февруари, АлфаТаури планира да организира филмски ден со 2021 болидот, кога не само Цунода, туку и Пјер Гасли ќе седне зад воланот.
Ферари следнава недела ќе има пет тест дена, за седум свои возачи. Во понеделник, 25-ти, Џулијано Алези ќе седне зад воланот на SF71H, 30 години откако неговиот татко, Жан Алези, прв пат управуваше со болид на Ферари Ф1-90 на патеката Фиорано.
После Алези Јр., во болидот настапува Маркус Армстронг, кој во 2021 година ќе настапува во Формула 2 во ДАМС тимот. Тој ќе стане првиот Новозеланѓанец што возел Ф1 болид на Ферари од Крис Амон, кој возел за тимот од 1967 до 1969 година.
Денот го завршува Роберт Шварцман, кој исто така учествуваше на младинските тестови во Абу Даби, каде што за прв пат управуваше со SF1000, минатогодишниот болид на Ферари.
Чарлс Леклер ќе се врати во кокпитот во вторник на 26 Јануари, опоравувајќи се од неодамнешната инфекција со коронавирусот. Новиот возач, Карлос Саинц Јр. за прв пат ќе управува со болид на италијанскиот тим во среда на 27 Јануари и ќе продолжи да работи следното утро. Тоа ќе биде можност Шпанецот да се запознае со тимските процедури и да се запознае со инженерската екипа со која ќе работи оваа сезона.
За крај, уште двајца членови на Академијата на возачи на Ферари, Мик Шумахер и Калум Илот, ќе имаат можност да тренираат зад воланот на SF71H. Синот на седумкратниот шампион ќе работи во четврток попладне, како и во петок наутро, на 29 Јануари. Потоа ќе биде заменет со Илот, кој годинава ја доби улогата на тест возач на Ферари.
Официјалната пред сезонска тест сесија ќе се одржат од 12 до 14 Март во Бахреин.<
АЛФАТАУРИ И ФЕРАРИ СО ТЕСТ СЕСИИ ЗА СВОИТЕ ВОЗАЧИ
1/23/2021 09:39:00 PM
0
Share to other apps