Тимот на Ред Бул се надеваше дека до крајот на овој месец, комисијата за Формула 1 ќе донесе одлука за мораториум на модернизацијата на погонските единици.
Тоа е еден од главните услови што ќе им овозможи на Ред Бул и АлфаТаури да продолжат да ги користат Хонда ПЕ, по заминувањето на Јапонскиот производител на крајот од тековната година.
Учесниците во дебатата околу деталите за спроведувањето на мораториумот не можеа да постигнат договор за клучните прашања како изедначување на моќноста на моторите од различни добавувачи.
Исто така, не е постигната согласност кога ќе се воведе нова генерација на погонски единици, дали во 2026 година или оваа важна реформа да се случи една година порано, т.е. 2025 година.
Затоа, никогаш не се дојде до гласање, на незадоволство на претставниците на Ред Бул. Дискусијата ќе продолжи на 11 Февруари.
* Сите коментари се прегледуваат пред да се објават.