Карлос Саинц уште еднаш потврди дека не случајно е трикратен Победник на Дакар релито, и дека со 58 години сè уште е еден од најдобрите рели професионалци. Во класата на мотоцикли, победник е Австралиецот Тоби Прајс, кој вози за фабричкиот тим на КТМ. Меѓу возачите на квадови, најбрз во првата етапа беше Французинот Александар Жиру со Јамаха.
Денес, Карлос Саинц, заедно со неговиот совозач Лукас Круз, брилијантно се справи со психолошки многу тешка задача, по вчерашните проблеми, да се издигне и победи на првата етапа. Само на последната брза делница, Саинц надомести околу три минути од својот тимски колега, Стефан Петрансел, кој го вози истот автомобил - Мини. Како резултат на тоа, Французинот загуби 25 секунди од сегашниот победник на Дакар.
Делумно на Саинц му помогна и фактот што организаторите на трката во пустините на Саудиска Арабија, од безбедносни причини, одлучија да ги зголемат интервалите помеѓу стартните автомобили на три минути. Затоа, прашината што ја кренаа оние што тргнаа порано, главно имаше време да се слегне.
Така, екипажот на автомобилот со број 300, Саинц/Круз поведе во категоријата автомобили по првиот натпреварувачки ден, додека Насер Ал-Атија, победникот на вчерашната воведна етапа, денес немаше среќа, неговата Тојота веднаш по стартот заработи дупнато тркало, што доведе до значително губење на време, па Катарскиот возач беше само 10-ти на целта, со заостанување од 12 минути 34 секунди од победникот.
Екипажот на руската екипа на КАМАЗ, составена од Дмитриј Сотников, Руслан Ахмадеев и Илгиз Ахметзјанов, е победик на првата етапа во категоријата на камиони. Камионот со број 507 ја помина неделната етапа за 3 часа, 17 минути и 50 секунди, скоро 8 минути пред чешкото трио предводено од Алес Лопраи, возејќи го камионот на тимот INSTAFOREX LOPRAIS PRAGA.
Третото место го забележа друг екипаж на KAMAZ-MASTER, составен од Антон Шибалов, Дмитриј Никитин и Иван Татаринов. Вчерашните победници, екипажот на Сергеј Вјазович, заврши на четвртото место.
Се чини дека од самиот почеток на денешната етапа, среќата им го сврте грбот на минатогодишните победници, екипажот на Андреј Каргинов. Денес изгубија доста време бидејќи мораа да застанат и да го поправат својот камион неколку пати. Веќе се шушка дека камионот со број 509, кој денес ја помина целната линија како десетти од вкупно 44 камиони, мора да се надева на чудо ако сака да биде победник.
Топ три вкупни резултати во секоја категорија:
АВТОМОБИЛИ
1 300 CARLOS SAINZ/LUCAS CRUZ
X-RAID MINI JCW TEAM
03:12.20
2 302 STÉPHANE PETERHANSEL/EDOUARD BOULANGER
X-RAID MINI JCW TEAM
03:12.28
+ 00:00.08
3 312 MARTIN PROKOP/VIKTOR CHYTKA
BENZINA ORLEN TEAM
03:16.19
+ 00:03.59
МОТОРЦИКЛИ
1 3 TOBY PRICE
RED BULL KTM FACTORY TEAM
03:43.21
2 47 KEVIN BENAVIDES
MONSTER ENERGY HONDA TEAM 2021
03:43.48
+ 00:00.27
3 52 MATTHIAS WALKNER
RED BULL KTM FACTORY TEAM
03:44.36
+ 00:01.15
КАМИОНИ
1 507 DMITRY SOTNIKOV/RUSLAN AKHMADEEV/ILGIZ AKHMETZIANOV
KAMAZ-MASTER
03:24.58
2 504 ALES LOPRAIS/PETR POKORA/KHALID ALKENDI
INSTAFOREX LOPRAIS PRAGA
03:32.33
+ 00:07.35
3 501 ANTON SHIBALOV/DMITRII NIKITIN/IVAN TATARINOV
KAMAZ-MASTER
03:32.42
+ 00:07.44
КВАДОВИ
1 152 ALEXANDRE GIROUD
TEAM GIROUD
04:31.28
2 159 GIOVANNI ENRICO
ENRICO RACING TEAM
04:35.04
+ 00:03.36
3 163 PABLO COPETTI
MX DEVESA BY BERTA
04:36.38
+ 00:05.10
КАРЛОС САИНЦ ПОБЕДНИК НА ПРВАТА ЕТАПА
1/03/2021 07:54:00 PM
0
Share to other apps