Формула Е лансираше нов натпревар во виртуелниот мотоспорт, ФОРМУЛА Е: ЗАБРЗУВАЊЕ, во кој учествуваат 24 натпреварувачи кои се менторирани од тимови и возачи од реалниот шампионат. Натпреварот ја вклучува една од најконкурентните постави во овој вид на тркање.
Победник на првата трка е нашиот Ерхан Јајовски, а според познавачите на Формула Е, менаџирањето со енергијата одигра клучна улога во резултатот на трката, при што победникот ја мина целта со еден процент повеќе енергија од остатокот на гридот.
Осум од 12-те тима во Формула Е завршија во Топ 10 пласман во воведната трка, а РОКиТ Вентури Рејсинг, е на врвот со 28 поени. Дигиталните тркачи за прв пат учат да го совладаат менаџирањето со енергијата и распоредувањето на режимот за напад.
Наградите вклучуваат удел од минимум 100.000 евра награден фонд, а шампионот ќе добие можност да вози болид на Формула Е од втората генерација.
ЕРХАН ЈАЈОВСКИ СО ПРВА ПОБЕДА ВО ВИРТУЕЛНИОТ ФОРМУЛА Е ШАМПИОНАТ
1/29/2021 09:20:00 PM
0
Share to other apps