Роман Грожан, кој на вчерашната прес конференција на Твич, објави дека ќе се натпреварува во Индикар серијата за тимот на Dale Coyne Racing, додека разговараше со своите фанови, се осврна и за Формула 1 шампионатот. Меѓу другото, Французинот го привлече вниманието велејќи дека успехот не зависи толку од вештината на возачот, колку од можностите на неговиот болид.
Роман Грожан: "Знам дека мојата кариера во Формула 1 е завршена, но сакам да продолжам да се тркам. За да бидете Формула 1 Шампион, мора да го возите најдобриот болид. Дваесет возачи од прва класа учествуваат во шампионатот. Ако има разлика помеѓу нив, тогаш таа е минимална."
"Ако Чарлс Леклер, Макс Ферстапен или Џорџ Расел имаа вистинска техника, тие ќе го отежнеа животот на Луис Хамилтон. Ставете го Хамилтон зад воланот на Хас и тој нема да има шанса за поени, не пак за Победа. Совршената потврда на моите зборови е шансата што Расел ја доби во Мерцедес АМГ."
"Многу сум среќен што Серџо Перез се пресели во Ред Бул. Сигурен сум дека ќе забележи многу успеси. За разлика од времето кога возеше за Мекларен, сега тој има многу повеќе искуство и сигурен сум дека нема да ја пропушти можноста."
Минатата година, шефот на тимот на Мерцедес АМГ, Тото Волф, го покани Роман Грожан да седне зад воланот на шампионскиот болид како збогување со Формула 1. Роман рече дека дефинитивно сака да ја искористи оваа понуда.
"Навистина сакам да седнам зад воланот на Ф1 болидот на Мерцедес АМГ. Такви понуди не се одбиваат. Заинтересиран сум да ја испробам таа машина и да разберам како таа работи."
"Колку што разбрав, во моментот тие се целосно насочени кон создавање болид за новата сезона, така што сега нема да му се јавам на Тото, но тој мора да биде подготвен дека еден ден ќе се јавам и ќе прашам за понудата."
"За 15 дена патувам во САД каде планирам да поминам извесно време за да se запознаам со боидот на ИндиКар. Прво, сакам да ги исполнам своите планови, и дури потоа да се занимавам со други прашања."
РОМАН ГРОЖАН: ВО ФОРМУЛА 1 СЕ Е ДО БОЛИДОТ
2/04/2021 01:03:00 PM
0
Share to other apps