По завршувањето на Големата Награда на Австрија, која за Мерцедес АМГ донесе второ и четврто место, шампионскиот тим зборуваше за своите надградби кои ќе ги донесе за следната трка во Силверстоун.
Во редовното видео во кое објаснуваат како изминал викендот и што очекуваат од следната трка, Ендру Шовлин, главниот тркачки инженер во тимот појасни дека станува збор за комплетнa надградба на целиот аеро пакет.
"Со нетрпение ја очекуваме трката во Силверстоун, бидејќи подготвуваме интересни новини за неа, кои ги сметаме за доста возбудливи. Тимот нестрпливо ја очекува оваа трка и затоа што таа е домашна за нас, а голем број фанови на Луис Хамилтон ќе дојдат на трибините."
"Покрај тоа, нашиот болид обично e брз на оваа патека, за разлика од Австрија каде патеката не ни одговара баш премногу. Тимот има неколку дена да се прегрупира, да ги анализира минатите резултати и да се подготви за следната трка, каде болидите ќе бидат комплетно надградени."
"Со оптимизам го очекуваме следниот тркачки викенд, иако се треба да биде потврдено и во пракса. Покрај тоа, предизвик за тимот ќе биде и новиот формат на тркачкиот викенд, кој ќе се применува во Силверстоун. Се надевам дека можеме да се натпреваруваме со Ред Бул и да постигнеме подобри резултати."
МЕРЦЕДЕС АМГ СО ГОЛЕМИ НАДГРАДБИ ЗА СЛЕДНАТА ТРКА
7/09/2021 08:34:00 PM
0
Share to other apps

