Кими Раиконен е најстариот возач во Формула 1. Шампионот од 2007 година во октомври месец ќе наполни 42 години, а поранешниот тимски колега од Мекларен, Дејвид Култхард смета дека е време Финецот да се пензионира од врвниот мотоспорт.
"Ја напуштив Формула 1 кога имав 37 години. Во одреден момент, одеднаш почнувате да правите грешки, но не сакате да ги признаете. Сепак, грешките се ваши."
"Забележав дека концентрацијата се намалува со возраста, особено кон финиш на трката. Видовме нешто слично со примерот на Михаел Шумахер во неговата последната сезона."
По последните резултати на Ајсмен, шпекулациите се зголемија, но најверојатно се зависи од него самиот.
Во падокот има неколу имиња во оптег како негова замена, а меѓу нив како најсериозен кандидат е Мик Шумахер, кога веќе се виде дека болидот на Хас не го бидува ни за стекнување искуство.
Секако се тоа може да се промени, доколку зад кулисите знае дека Ферари е на добар пат со 2022 болидот, што автоматски би скокнале акциите на Хас болидот.
Останати кои се споменуваат се Валтери Ботас, доколку остане без договор со Мерцедес АМГ и учесникот на младинската академија на Заубер, Тео Пуршер, кој сега е во Формула 2.
КИМИ РАИКОНЕН Е ПОДГОТВЕН ЗА ПЕНЗИЈА
7/08/2021 04:53:00 PM
0
Share to other apps



