Стартувајќи последен, Макс Ферстапен заврши втор, минимизирајќи ги загубите од промената на ПЕ до максимум. Карлос Саинц Јр. се искачи на третото скалило на победничкиот подиум.
Кими Раиконен заврши на осмото место забележувајќи го својот најдобар резултат во 2021 сезоната. За две недели борбата ќе продолжи за Големата Награда на Турција.
Многу трки по летната пауза имаа поразличен тек, секако не според вообичаеното сценарио. Во СПА, поради дождот, возачите имаа трка од само неколку круга зад безбедносното возило, се помина без проблеми во Зандворт, и двајцата ривали за титулата заминаа во Монца со желба за Победа, но Мекларен ја забележа првата 1-2 Победа. Трката во Сочи ја продолжи оваа љубопитна серија.
Во петокот тренинг сесиите се одвиваа на сува патека, а доминираа возачите на Мерцедес АМГ. Очекувано од Ред Бул одлучија да ја заменат погонската единица во болидот на Макс Ферстапен. Холанѓанецот веќе имаше казна со губење на три места за судирот со Хамилтон во Монца, тешко можеше да се пласира повисоко од третото место со предноста на Мерцедес АМГ, што значи дека ќе стартуваше највисоко од шестата позиција, па затоа тимот се реши за замена, обезбедувајќи се со доволно мотори до крајот на сезоната.
Во саботата наутро врнеше силен дожд. Во првата половина од денот, сите сесии беа откажани, а пред квалификациите сонцето одеднаш излезе, и беше можно да се одреди поредокот за денешната трка, а тој беше решен во последните минути кога возачите почнаа да се префрлаат на гумите за суво.
Први што го направија тоа беа оние кои можеа да си дозволат да ризикуваат и погодија. Ландо Норис ја забележа неговата прва Пол позиција, Карлос Сајнц Јр. заврши втор, забележувајќи го неговиот најдобар резултат во кариерата, а Џорџ Расел стартуваше трет.
Мерцедес АМГ и Ред Бул доцнеа со промената на гумите кои не можеа да се загреат и нивната брзината не беше доволна за нешто повеќе. Луис Хамилтон во брзањето направи почетничка грешка, го оштети предното крило на влезот во боксевите, што доведе до продолжен престој во боксот.
Четворица возачи добија казни за замена на делови од погонската единица, Ботас, Латифи, Леклер и Ферстапен. Непосредно пред стартот Џовинаци доби нов менувач беше казнет со 5 стартни позиции. Квалификациите на дожд им овозможи на возачите слободно да ги избираат своите почетни гуми, па како резултат, Алонсо, Перез, Гасли, Ботас, Џовинаци, Леклер и Ферстапен стартуваа на белите, останатите ги избраа жолтите гуми.
На стартот немаше инциденти. Карлос Саинц Јр. ја искористи заветрината зад болидот на Мекларен и го презеде водството во трката пред Ландо Норис. Луис Хамилтон играше на сигурно и загуби две позиции, додека Чарлс Леклер се искачи од П19 на П12.
Саинц Јр. и Норис се одвоија напред, а вовче од возачи се формираше зад третопласираниот Вилијамс на Џорџ Расел, како и десеттиот Кими Раиконен. Сите користеа ДРС, а разликата во брзината не беше доволна за нападот.
Веќе во седмиот круг, Ферстапен го престигна Ботас за 14-тото место. Напред во поредокот, Ландо Норис неколку пати го нападна водечкиот Саинц Јр., но го презеде водството во 14-от круг кога Ферарито немаше веќе моќност, па ни гуми за да се одбрани од нападите. Многу рано веќе во 12-от круг одредени возачи се упатија во бокс за промена на нивните пневматици. Секако тие што трката ја започнаа на жолтите гуми.
Топ 10 поредокот во 20 круг, кога поминаа возбудувањата во бокс беше, Норис, Рикиардо, Хамилтон, Перез, Алонсо, Ферстапен, Леклер, Ветел, Гасли, Ботас.
По одреден мирен период на трката, останатите возачи се упатија кон боксевите, а едни од нив во 28-от круг беа и Луис Хамилтон и Макс Ферстапен, кој веќе беше на 4-5 секунди зад Британецот, но со повеќе возачи помешу нив.
По излегувањето од боксевите Британецот имаше чиста патека пред себе и напредуваше кон врвот, додека Ферстапен остана заглавен зад ДРС вовче. Хамилтон постепено ја намалуваше разликата со Норис, но младиот возач на Мекларен успеваше да ја контролира ситуацијата. Во тие моменти поредокот беше Норис, Хамилтон, Саинц Јр., Перез, Рикиардо, Алонсо, Ферстапен, Леклер, Строл, Расел.
Во 47-от круг започна да врне, што целосно го промени понатамошниот тек на трката. Прво беше лесен дожд, со кој водечките добро се справуваа. Хамилтон изврши притисок врз Норис, тој неколку пати излета од патеката, но го задржа водството. Одредени возачи, се упатија во бокс по зелените гуми, бидејќи дождот веќе се засили.
Луис Хамилтон и Ландо Норис исто така беа повикани во боксот, но тие продолжија да се борат на гумите за суво, но кога дождот веќе стана доста силен Луис се реши да ги послуша советите од својот тркачки инженер, додека Ландо остана на патеката на која што болидите кои останаа на гумите за суво почнаа да се лизгаат како патеката да е од мраз.
Ландо Норис беше последен што смени гуми и се врати на патеката на 8-тото место. При влегување во боксот, тој изгуби контрола и мораше да ја премине белата линија, кршејќи ги правилата. Пред самиот крај на трката успеа да го престигне Кими Раиконен за седмото место.
| 2021 ГН РУСИЈА - СОЧИ 53 круга, 304.356км., Време: Облачно/Дожд |
|||
| ПЛАСМАН: | |||
| П. | ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ |
| 1. | Луис Хамилтон | Мерцедес АМГ | 1ч30:41.001 |
| 2. | Макс Ферстапен | Ред Бул | + 53.271 |
| 3. | Карлос Саинц Јр. | Ферари | + 1:02.475 |
| 4. | Даниел Рикиардо | Мекларен | + 1:05.607 |
| 5. | Валтери Ботас | Мерцедес АМГ | + 1:07.533 |
| 6. | Фернандо Алонсо | Алпин | + 1:21.321 |
| 7. | Ландо Норис |
Мекларен | + 1:27.224 |
| 8. | Кими Раиконен | Алфа Ромео |
+ 1:28.955 |
| 9. | Серџо Перез | Ред Бул | + 1:30.076 |
| 10. | Џорџ Расел | Вилијамс | + 1:40.551 |
| 11. | Ленс Строл | Астон Мартин | + 1:46.198 |
| 12. | Себастијан Ветел | Астон Мартин | + 1 круг |
| 13. | Пјер Гасли | АлфаТаури | + 1 круг |
| 14. | Естебан Окон | Алпин | + 1 круг |
| 15. | Чарлс Леклер | Ферари | + 1 круг |
| 16. | Антонио Џовинаци | Алфа Ромео | + 1 круг |
| 17. | Јуки Цунода |
АлфаТаури | + 1 круг |
| 18. | Никита Мазепин |
Хас | + 2 круга |
| 19. | Николас Латифи | Вилијамс | не заврши |
| НАЈБРЗ КРУГ: ЛАНДО НОРИС - 1:37.423 | |||
| БЕЗ ПЛАСМАН: | |||
| 20. | Мик Шумахер |
Хас | дефект |
|
ХИБРИДНА ЕРА - СОЧИ 2014 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1ч51:43.021 2015 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1ч37:11.024 2016 Нико Розберг - Мерцедес АМГ - 1ч32:41.997 2017 Валтери Ботас - Мерцедес АМГ - 1ч28:08.743 2018 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1ч35:11.611 2019 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1ч33:38.992 2020 Валтери Ботас - Мерцедес АМГ - 1ч34:00.364 2021 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1ч30:41.001 @МкФормула1 - РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА @MkFormula1 - REPUBLIC OF MACEDONIA |
|||
| 2021 ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН 15/22 | |||
| ВОЗАЧИ: | |||
| 1. | Луис Хамилтон | 246.5 | |
| 2. | Макс Ферстапен | 244.5 | |
| 3. | Валтери Ботас | 151 | |
| 4. | Ландо Норис | 139 |
|
| 5. | Серџо Перез | 120 | |
| 6. | Карлос Саинц Јр. | 112.5 | |
| 7. | Чарлс Леклер | 104 | |
| 8. | Даниел Рикиардо | 95 | |
| 9. | Пјер Гасли | 66 | |
| 10. | Фернандо Алонсо | 58 | |
| 11. | Естебан Окон | 45 | |
| 12. | Себастијан Ветел | 35 | |
| 13. | Ленс Строл | 24 | |
| 14. | Јуки Цунода | 18 | |
| 15. | Џорџ Расел | 16 | |
| 16. | Николас Латифи | 7 | |
| 17. | Кими Раиконен | 6 | |
| 18. | Антонио Џовинаци |
1 | |
| 19. | Мик Шумахер | 0 | |
| 20. | Роберт Кубица |
0 | |
| 21. | Никита Мазепин | 0 | |
| КОНСТРУКТОРИ: | |||
| 1. | Мерцедес АМГ | 397.5 | |
| 2. | Ред Бул | 364.5 | |
| 3. | Мекларен | 234 | |
| 4. | Ферари | 216.5 | |
| 5. | Алпин | 103 | |
| 6. | АлфаТаури | 84 | |
| 7. | Астон Мартин | 59 | |
| 8. | Вилијамс | 23 | |
| 9. | Алфа Ромео | 7 | |
| 10. | Хас | 0 | |




