Оваа година во Ф1 Шампионатот ќе дебитира Големата Награда на Катар која е закажана за 21 Ноември. Трката на меѓународната патека - Лосаил, ќе го потполни празниот простор во 2021 календарот, термин кој остана празен по откажувањето на Големата Награда на Австралија.
Организаторите на Големата Награда на Катар потпишаа 10-годишен договор со Формула 1, кој ќе започне да се реализира по пауза од една година, т.е. од 2023 година. Нема да има трка во 2022 година, бидејќи Катар ќе биде домаќин на Светското првенство во фудбал.
Во исто време, Формула 1 и промоторите на настанот, допрва треба да одредат која патека ќе биде домаќин на Големата Награда на Катар.
Стефано Доменикали, Формула 1: "Среќни сме што ќе го имаме Катар во календарот на Формула 1 за оваа сезона, а потоа на долгорочна основа од 2023 година. Катарската автомобилска федерација, заедно со властите, неверојатно брзо ги решија прашањата за организирање на трка во Формула 1 на меѓународната патека Лосаил, патека позната по одржувањето на Мото ГП трките."
"Докажавме дека можеме да се прилагодиме на моменталната ситуација, и во многу земји низ светот постои голем интерес за одржување на Гран При трки. Огромните напори на сите тимови, Формула 1 и ФИА, им овозможија да имаме 22 трки, што е импресивно во вака тешка година. Можеме да бидеме горди на сработеното."
Жан Тод, Претседател на ФИА: "Им честитам на Формула 1, на Автомото Федерацијата на Катар и на властите во земјата кои неуморно работеа за да го организираат дебито на Големата Награда на Катар во такви тешки времиња. Меѓународната патека Лосаил тесно соработува со нас за да се осигураме дека сме целосно подготвени за овој значаен настан."
"Ние сме многу горди на она што веќе го постигнавме. Би сакал да се заблагодарам на Претседателот на АМФК, Абдулрахман Ал-Манаи и неговата екселенција Салах бин Ганем Ал Али, министер за култура и спорт. Долгорочната посветеност кон Формула 1, како и организацијата на Светското првенство во фудбал 2022 година и други меѓународни настани, е уште еден пример за силната страст на Катар кон спортот."
ОФИЦИЈАЛНО: КАТАР ГП ЗАМЕНА ЗА АВСТРАЛИСКОТО ГП
9/30/2021 11:43:00 AM
0
Share to other apps
