Моќта на ПЕ и тракцијата се од особено значење за севкупните перформанси. Главна карактеристика по која што сите ја распознаваме e третиот свиок, т.е. полукругот околу олимпискиот подиум, нареден со знамињата на сите земји учеснички на Олимпијадата од 2014 година.
Свиокот предизвикува споредби со осмиот свиок во Истанбул и беше локација на неколку незаборавни инциденти (Грожан во 2015 година и Ветел во 2016 година) и некои епски престигнувања (како што е тоа на Чарлс Леклер на Магнусен во 2018 година).
Сепак, како најлесно место за претекнување е делот од последниот свиок до силното кочење за влез во вториот свиок. На оваа патека проблемите на современите болиди се изразени во голема мера, па болидот што се наоѓа назад има проблем со следењето на болидот пред себе, па претекнувањето е потешка задача отколку на другите патеки.
Како и на секоја улична трка, клучно за добро место и што повисок пласман ќе биде освоената стартна позиција и добар старт. Но, на оваа патека Пол позицијата не е толку посакувана, бидејќи возачите што поназад може да ја искористат заветрината. Малата деградација и трошење на гумите, најверојатно, ќе донесат само едно застанување во боксевите.
Теоретски, ако имаме сува патека стратегијата со едно застанувања во бокс е најбрза за трката, секако доколку нема излегување на безбедносниот автомобил или некоја друга аномалија.
Уште еден фактор што ги насочува тимовите да размислуваат за едно застанување во бокс е изгубеното време на пит-линијата, кое е доста големо во Сочи и изнесува околу 25 секунди.
Сите возачи ќе можат да ја употребат теоретски оптималната стратегија, бидејќи со влажна патека во квалификациите сите тие ќе имаат слободен избор на стартниот комплет на гуми, наместо да мора да стартуваат на гумите со кои го поставиле најбрзото време во Q2 сесијата.
Првичен стинт на жолтите, а потоа премин на белите гуми е најпосакувана стратегија, затоа што тоа овозможува најголем степен на флексибилност, со широк прозорец за пит-стоп што ги максимизира можностите за искористување на потенцијално излегување на безбедносниот автомобил или други непредвидливи околности.
Првичен стинт на црвените, а потоа премин на белите гуми е исто така остварлива можност, додека употреба на стратегија црвени, па жолти гуми е на работ на остварливоста во однос на абењето на пневматиците.
Како и секогаш, постои опција да се направи нешто сосема поинакво и да се стартува со белите гуми, пред возачот да се префрли на некоја од помеките смеши, многу подоцна во трката.
Ова може да биде добра опција за оние што трката ќе ја започнат од пониските места на гридот, и да искористат долг прв стинт. Со двајца од фаворитите кои започнаав од овие позиции, поради промени на ПЕ, ќе биде интересно да се види која тактика ќе ја изберат.
Марио Изола, Пирели: "Квалификациите беа незгодни, со асфалт кој нуди слаб грип и на кој му беше потребно подолго време да се исуши. Тоа го отежна одредувањето на времето кога возачот треба да се префрли на гумите за суво време."
"Временската прогноза најавува сува патека, што значи дека тимовите ќе треба да се потпрат на податоците акумулирани во петокот, со една трениг сесија помалку во споредба со вообичаениот тек на викендот."
"Сите возачи ќе имаат слободен избор на гуми за старт, што значи дека треба да бидат способни да ја употребат оптимална стратегија според нивниот избор. Со некои брзи болиди кои стартуваат назад на гридот, одредени возачи би можеле да пробаат нешто различно, плус малку поинаквата тројка на врвот на гридот, треба да ни донесе многу интригантна трка."
Пред стартот на Големата Награда на Русија, Мерцедес АМГ напшрави тактичка промена на моторот во болидот на Валтери Ботас. Како резултат на тоа, Финецот, кој се квалификуваше како седми, ќе загуби десет позиции и ќе ја започне трката како 17-ти.
Валтери веќе доби целосно нова ПЕ на претходната трка во Монца, а со денешната замена, дефинитивно ќе има и повеќе мотори на располагање до крајот на сезоната. Тоа навестува дека единствената причина за замена е тактичка, за да Финецот биде пред Макс Ферстапен и го забави неговото напредување во освојувачите на бодови.
| ГОЛЕМА НАГРАДА НА РУСИЈА СТАРТЕН РЕДОСЛЕД |
|
| 1. ЛАНДО НОРИС - МЕКЛАРЕН | |
| 2. КАРЛОС САИНЦ Јр. - ФЕРАРИ | |
| 3. ЏОРЏ РАСЕЛ - ВИЛИЈАМС | |
| 4. ЛУИС ХАМИЛТОН - МЕРЦЕДЕС АМГ | |
| 5. ДАНИЕЛ РИКИАРДО - МЕКЛАРЕН | |
| 6. ФЕРНАНДО АЛОНСО - АЛПИН | |
| 7. ЛЕНС СТРОЛ - АСТОН МАРТИН | |
| 8. СЕРЏО ПЕРЕЗ - РЕД БУЛ | |
| 9. ЕСТЕБАН ОКОН - АЛПИН | |
| 10. СЕБАСТИЈАН ВЕТЕЛ - АСТОН МАРТИН | |
| 11. ПЈЕР ГАСЛИ - АЛФАТАУРИ | |
| 12. ЈУКИ ЦУНОДА - АЛФАТАУРИ | |
| 13. КИМИ РАИКОНЕН - АЛФА РОМЕО | |
| 14. МИК ШУМАХЕР - ХАС | |
| 15. НИКИТА МАЗЕПИН - ХАС | |
| казна - промена на ПЕ | 16. ВАЛТЕРИ БОТАС - МЕРЦЕДЕС АМГ |
| 17. АНТОНИО ЏОВИНАЦИ - АЛФА РОМЕО | казна - промена на менувач |
| казна - промена на ПЕ | 18. НИКОЛАС ЛАТИФИ - ВИЛИЈАМС |
| 19. ЧАРЛС ЛЕКЛЕР - ФЕРАРИ | казна Промена на ПЕ |
| казна - промена на ПЕ | 20. МАКС ФЕРСТАПЕН - РЕД БУЛ |
| @МкФормула1 - РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА @MkFormula1 - REPUBLIC OF MACEDONIA |
|





