На денешната финална етапа од релито, екипажот на фабричкиот тим Toyota Gazoo Racing избра конзервативна тактика и забележа само 19-то време, откако стекнатата предност од половина час им обезбеди сигурна победа во генералниот пласман.
"Овој Дакар беше неверојатно успешен за нас! Последен пат победив во 2019 година, па сега сме навистина среќни. Борбата се водеше помеѓу три силни екипи и секој можеше да победи, но ние добро ја завршивме работата."
"Јас и Матје и целиот тим бевме во одлична форма од почетокот на релито, па им благодариме на сите за поддршката. За мене ова е многу важна победа, бидејќи трката се одржува во нашиот регион (Катар и Саудиска Арабија имаат заедничка граница)."
"Претходните две години бев втор на целта, но овој пат победив, за што сум многу среќен. Тимот на Toyota Gazoo се соочи со тешка задача, бидејќи беше неопходно да се изгради нов автомобил за една година. Но, во текот на целата трка немавме никакви проблеми. Се обидовме да бидеме внимателни, бидејќи техниката беше сосема нова, но сега знаеме дека е доста издржлива."
Благодарение на денешниот успех, Ал-Атија се изедначи по бројот на победи на релито Дакар со Финецот Ари Ватанен. Себастиен Леб и неговиот совозач Фабиен Леркин се бореа до крај и денеска ја намалија разликата на Ал-Атија за пет и пол минути, но ова, се разбира, не беше доволно.
Деветкратниот шампион на WRC го освои второто место во генералниот пласман, иако беше само четврти во финишот на последната специјална етапа. Саудиско-британското дуо Јазид Ал-Раџа и Мајкл Ор завршија на третото место со автомобилот на Тојота Хилукс.
Инаку, најдоброто време на последната 12-та етапа го забележа јужноафриканскиот екипаж, Хенк Латиган и Брет Камингс, тимските колеги на Ал-Атија во фабричкиот тим на Тојота. Стефан Петрансел, возач на Ауди, беше втор на целта, додека Брајан Барагванат, јужноафрикански возач во Century CR6 баги, беше трет.
Најинтересно беше кај мотоциклистите, а како победник низ целта мина 32-годишниот Британец Сем Сандерленд, со неговата втора победа на Дакар релито, но овој пат со фабричкиот тим на шпанската компанија ГасГас. Договорот со неа беше потпишан буквално во последен момент, во декември месец 2021 година.
На денешната специјална етапа Сандерленд беше 8-ми, но тешко стекнатата предност на минатата етапа беше доволна за победа во класата на две тркала.
Истото може да се каже и за Французинот Александар Жиро, кој победи во категоријата АТВ. Тој го повтори успехот на својот татко, кој пред 25 години стана првиот Французин кој го освои Дакар во категоријата на квадроцикли.
На 44-то издание на Дакар во категоријата на камиони доминираше тимот на Камас Мастер и тоа со огромна предност. Екипажите на рускиот тим ги зазедоа првите четири први места, а Димитриј Сотников е победник втора година по ред, со помош на навигаторот Руслан Ахмадеев и механичарот Илгиз Ахметзијанов.
Нивниот Камаз со број 500 беше првиот што мина низ целта и на последната 12-та етапа, поминувајќи ја за само 32 секунди побрзо од чешкиот екипаж на Мартин Мацик, кој денеска го освои второто место.
Едуард Николаев заостана минута и четириесет секунди од победниците, а во генералниот пласман го има второто место, пред Антон Шибалов и Андреј Каргинов на трето, односно четврто место.
Во категоријата на лесни возила, Т3, чилеанскиот екипаж, Франциско Контардо и Хуан Пабло Винагре го слават успехот, иако не беа победници на ниту една етапа. Но, тие возеа стабилно, речиси цело време завршуваа во топ 4 пласман.
Сепак, тоа не беше причината што им ја обезбеди победата, туку техничките проблеми на Американецот Сет Кинтеро, кој киксна на само една етапа, кога загуби многу време поради скршениот диференцијал, по што едноставно не беше во можност да се бори за победата.
Кинтеро победи на 11 од 12 етапи на релито, поставувајќи нов рекорд за учесниците во овие натпревари.
На следниот Дакар ќе мора да се почека цела година, но многу од натпреварувачите учествуваат и во Рели Шампионатот, кој во 2022 година за прв пат ќе се одржи под покровителство на ФИА. Неговата втора фаза, предизвикот во пустините на Абу Даби, ќе се одржи на почетокот на март.
Топ три вкупни резултати во секоја категорија:
АВТОМОБИЛИ
1. Насер Ал-Атија (201)
Toyota Gazoo Racing
38ч33:03
2. Себастиен Леб (211)
Bahrain Raid Xtreme
+ 27:46
3. Јазид Ал-Раџи (205)
Overdrive Toyota
+ 1ч01:15
МОТОЦИКЛИ
1. Сем Сандерленд (3)
GasGas Factory Racing
38ч47:30
2. Пабло Кинтанила(7)
Monster Energy Honda
+ 03:27
3. Матијас Вокнер (52)
Red Bull KTM Factory Racing
+ 06:47
КАМИОНИ
1. Димитриј Сотников (500)
Kamaz Master
41ч37:34
2. Едуард Николаев (505)
Kamaz Master
+ 09:58
3. Антон Шибалов(501)
Kamaz Master
+ 1ч11:11
3. Андреј Каргинов(509)
Kamaz Master
+ 1ч49:55
ЛЕСНИ ВОЗИЛА Т3
1. Франциско Лопез Контардо (305)
EKS - South Racing
45ч50:51
2. Себастијан Ериксон (306)
EKS - South Racing
+ 51:28
3. Кристина Гутиерез Хереро (301)
Red Bull Off-road Team
+ 4ч34:43
КВАДЦИКЛИ
1. Александар Жиро (174)
Yamaha Racing - SMX - Drag`on
50ч00:51
2. Франциско Морено (192)
Drag`on Rally Team
+ 2ч21:11
3. Камил Вишневски (175)
Orlean Team
+ 2ч27:25
SSV
1. Остин Џонс (401)
Can-am Factory South Racing
47ч22:50
2. Жерар Гвел(416)
Can-am Factory South Racing
+ 02:37
3. Рокас Бацјушка (414)
South Racing Can-am
+ 15:18
На овој Youtube линк се очекува пренос во живо...