Макс Ферстапен е голем љубител на е-Спортот и оваа година учествува на еден од главните настани во сезоната на виртуелни трки, 24-часовен маратон, кој се одвива на познатата француска патека Сарт.
Новиот Формула 1 шампион се приклучи на тимот Редлајн за да се натпреварува во виртуелниот Ле Ман во класата ЛМП, а денеска веднаш им стави до знаење на сите дека има најсериозни намери.
Макс постави второ време во квалификациите, но веќе во првите свиоци по стартот, тој беше пред друг автомобил на Редлајн тимот, кој тргна од Пол позицијата и ја предводи трката.
Пред почетокот на виртуелниот 24 часа Ле Ман, пред учесниците се обрати новоизбраниот претседател на ФИА Мохамед бин Сулејем.
Тој им се заблагодари на организаторите на натпреварот за одличната работа, истакнувајќи ја важноста на овој настан во светот на е-спортот, бидејќи доволно е да се каже дека покрај Ферстапен, учествува уште еден одличен возач, Шпанецот Алекс Палу, кој е актуелен шампион на Индикар.
"Е-спортот е област во која ФИА е сè поактивна во последните неколку години. Создадовме посебен оддел кој се занимава со виртуелни трки, што помага да се привлече вниманието на сѐ пошироката публика кон мотоспортот. Би сакал на сите учесници на виртуелниот Ле Ман да им посакам одлична трка!"
Прв пат имаме и ние за кого да навиваме, Ерхан Јајовски, ресенчанецот кој се прикажа во одлично светло минатата година во виртуениот шампионат на Формула Е, настапува за тимот на Роман Грожан, R8G E-Sport, и засега го има најбрзиот круг на трката.
По 6 часа трката за Макс Ферстапен заврши...
UPDATE: Трката е завршена, Ерхан Јајовски и тимот на Роман Грожан, R8G E-Sport, се пласираа на 6-тото место. Топ 5 резултатите се следни:
ФЕРСТАПЕН ВО ВОДСТВО, МАКЕДОНЕЦ ГО ИМА НАЈБРЗИОТ КРУГ
1/15/2022 07:18:00 PM
0
Share to other apps