Од тимот на Алпин стигна официјално соопштение дека го раскинале договорот со извршниот директор на Ф1 тимот, Марсин Будковски. Раководството со тимот привремено ќе биде префрлено на Лоран Роси, кој ќе ги обезбеди подготовките за 2022 сезоната.
Лоран Роси , извршен директор на Алпин: "Сакам да му се заблагодарам на Марсин Будковски за неговата посветеност и придонес во резултатите на тимот во изминатите четири години. Тимот е целосно фокусиран да го подготви новиот болид за првата трка во Бахреин и да го направи следниот чекор напред."
Марсин Будковски: "Навистина уживав што бев дел од високиот менаџерски тим во Рено, а потоа и во Алпин. Драго ми е што успеав да работам со толку талентирани и посветени луѓе. Ќе продолжам со интерес да го следам напредокот на тимот во наредните сезони."
МАРСИН БУДКОВСКИ ДОБИ ОТКАЗ ОД АЛПИН
1/13/2022 05:34:00 PM
0
Share to other apps