Денот за Астон Мартин започна со соопштението дека нивниот 2022 болид ќе го презентираат на пошироката јавност на 10 Февруари, во Гејдон, домот на Астон Мартин Лагонда, на специјален настан што ќе се емитува онлајн.
Себастијан Ветел и Ленс Строл ќе им се придружат клучните членови на тимот за да го прикажат AMR22, кој е првиот болид на тимот дизајниран според новите технички прописи на Ф1. Една од најважните позиции беше испразнета со заминувањето на Отмар Сафнауер, но, не чекавме долго за неговиот наследник.
За неколку часа следеше ново соопштение во кое Мајк Крек е потврден за тимски шеф на Астон Мартин Ф1 тимот. На оваа позиција доаѓа од BMW, каде ја раководеше нивната глобална мотоспорт секција. За компанијата со седиште во Минхен работеше од 2014 година.
Во таа улога тој беше задолжен за програмите на BMW во Формула Е, GT и IMSA, како и за планираното проширување во новата Формула LMDh за IMSA & WEC, вклучувајќи го и Ле Ман 24 часа.
Пред тоа, Мајк работеше за Порше, како и една деценија во Формула 1, за Заубер, т.е. БМВ-Заубер.
Мајк Крак, тимски шеф на Астон Мартин: "За мене е голема чест што сум назначен на оваа функција и многу сум им благодарен на Лоренс Строл и Мартин Витмарш за оваа фантастична можност. Астон Мартин е еден од најголемите автомобилски брендови. Од мене беше побарано да играм водечка улога во успехот на тимот во Формула 1 и го прифаќам овој предизвик со енергија и ентузијазам."
"Во мотоспортот сум повеќе од 20 години, работев во Формула 1 со Себастијан Ветел во 2006 и 2007 година кога бев инженер на БМВ-Заубер, а тој беше тест возач на тимот. Навистина го почитувам неговиот талент и брзина, и ќе биде фантастично што повторно ќе соработуваме. Ленс Строл е исто така брз и талентиран возач со над 100 Ф1 стартови, и со нетрпение очекувам да соработуваме."
"Тимот од Силверстоун отсекогаш ме импресионирал. Тој е полн со талентирани луѓе и вистински возачи, а културата и вредностите на секој возач се она што е потребно за да се успее во мотоспортот, тоа го знам и моите нови колеги во тимот, исто така, го знаат тоа. Ќе работиме неверојатно напорно. Сакаме да победуваме. Заедно, ќе го направиме тоа."
Мартин Витмарш, извршен директор: "Мајк Крак е тип на динамичен и модерен лидер, кој, под раководство на Лоренс Строл и мене, заедно со постојано растечкиот кадар од квалификувани и посветени вработени што ги имаме во Астон Мартин ќе се погрижиме да успееме во Формула."
"Мајк работеше како инженер во Формула 1 со Заубер, а потоа имаше високи позиции во БМВ и Порше, за нас ова е најдобриот избор. Добро се согласува со возачите и го зборува истиот јазик со инженерите."
Лоренс Строл, претседател на Одборот на директори: "Победите во Формула 1 се резултат на здружените напори на сите главни играчи, возачи, инженери, механичари, сите, и Мајк е совршен за ова."
"Секоја недела регрутираме нови вработени. Изградбата на нова база е во полн ек. Во пресрет на втората година од нашиот петгодишен план, имаме фантастична листа на партнери и спонзори, чија единствена цел е да ја освоиме шампионската титула.
АСТОН МАРТИН НАЗНАЧИ НОВ ТИМСКИ ШЕФ
1/14/2022 01:23:00 PM
0
Share to other apps