Германскиот производител, BBS, ќе биде единствениот снабдувач со бандажи за Формула 1 тимовите во 2022 година. Оваа компанија победи на тендерот на ФИА објавен уште во 2019 година. Соработката на BBS со Формула 1 официјално е потврдена на автосаемот во Токио, кој се одржува од 14 до 16 Јануари.
Компанијата ќе добие статус на официјален добавувач на бандажи за Формула 1 и ќе може да го спомене тоа во рекламирањето на нивните производи. BBS долго време снабдуваше бандажи за Ферари, но се повлече од шампионатот во 2011 година.
Некои тимови изразија загриженост дека компанијата го нема потребното искуство, поради долгата пауза, но ФИА ги уверила дека тие ги поминале сите потребни проверки и ги исполнуваат условите.
BBS ОФИЦИЈАЛЕН СНАБДУВАЧ НА Ф1 ТИМОВИТЕ
1/13/2022 07:55:00 PM
0
Share to other apps