Минатиот јуни беше објавено дека Дан Фалоус, главен инженер за аеродинамика на Ред Бул, ќе се пресели на позицијата технички директор во тимот на Астон Мартин.
На почетокот на јануари 2022 година, се појави информација дека правната служба на Ред Бул покренала тужба, бидејќи тимот не сака да му дозволи на Фалоус веднаш да го промени тимот без задолжителната пауза.
Денес стигна соопштение од Астон Мартин дека тимовите ги решиле сите спорни прашања, со што Фалоус ќе може да му се придружи на Астон Мартин од 2 Април 2022 година, а до тој датум ќе остане вработен во Ред Бул.
Дан Фалоус е во Ред Бул од 2006 година, а последната работна позиција му беше главен инженер – Аеродинамика.
Кристијан Хорнер: "Би сакале да му се заблагодариме на Дан за многу години одлична работа и му посакуваме се најдобро во иднината."
Мартин Витмарш: "Среќни сме што постигнавме договор со Ред Бул со кој Дан предвреме ќе биде ослободен од договорот и со нетрпение очекуваме тој да се приклучи на тимот."
Дан Фалоус: "Имав многу среќни години во Ред Бул и горд сум на нашите достигнувања. Со нетрпение ја очекувам следната сезона и новиот предизвик."
АСТОН МАРТИН ГО ДОБИ ПОСАКУВАНОТО ЗАСИЛУВАЊЕ
1/18/2022 08:39:00 PM
0
Share to other apps