Никита Мазепин ја коментираше одлуката на Хас Ф1 да го раскине неговиот договорот. Возачот рече дека тимот еднострано го раскинал договорот, иако тој бил подготвен да ги исполни сите барања на ФИА за руските возачи.
"Почитувани фанови, многу сум разочаран што дознав дека мојот договор во Формула 1 е раскинат. Иако ги разбирам сите тешкотии, сепак одлуката на ФИА и мојата постојана подготвеност да ги прифатам условите неопходни за продолжување на настапите беа целосно игнорирани и ништо не следеше по овој едностран чекор."
"Мојата вечна благодарност до оние кои се обидоа да ме разберат. Го ценев моето време во Формула 1 и искрено се надевам дека повторно ќе се обединиме во подобри времиња. Ќе можам да споделам повеќе во наредните денови."
Ова следува по денешната објава на Хас Ф1 дека ја раскинува соработката со нивниот главен спонзор, Уралкали, а следствено и со Никита Мазепин.
"Тимот на Хас одлучи да ја прекине соработката со главниот наш спонзор Уралкали и возачот Никита Мазепин. Како и остатокот од Формула 1 заедницата, тимот е шокиран и тажен од ситуацијата во Украина и посакува брз и мирен крај на конфликтот."
Хас не именуваше возач кој ќе го замени Никита Мазепин, но претходно тимскиот шеф Гинтер Штајнер изјави дека Пјетро Фитипалди има најголеми шанси да седне зад воланот.
НИКИТА: ГИ ПРИФАТИВ СИТЕ УСЛОВИ, НО БАДИЈАЛА
3/05/2022 08:35:00 PM
0
Share to other apps