Адријан Њуи смета дека Формула 1 оди во погрешна насока во однос на зголемената тежина на болидите и смета дека новата генерација болиди е пример за тоа.
Тој признава дека е направен чекор напред во однос на олеснувањето на претекнувањето, но предупредува дека секоја регулаторна промена ги тера тимовите да се оддалечат едни од други на почетокот, спротивно од она што Формула 1 го бараше со оваа нова ера.
"Мислам дека принципот да им се помогне на возачите за полесно претекнување со намалување на чувствителноста на предниот дел од болидот е добар. Мислам дека помага да се биде во можност да се престигнува малку полесно. Мислам дека тоа не е значајна промена, но секоја помош е добредојдена."
"Ако направите толку значајна промена на правилата, што неизбежно ќе донесе многу повеќе промени, тогаш веројатно ќе доведе до дополнително раздалечување на тимовите во првите неколку сезони."
Но, Британецот го критикува раководството на Формула 1 во однос на тежината и фактот дека болидите стануваат се потешки.
"За само неколку години ограничувањето на тежината се зголеми од 600 на 800 кг и сите ние работиме како луди за да ја достигнеме минималната тежина што е потребна во моментов."
"Накратко, болидите станаа поголеми и потешки и аеродинамички не се особено ефикасни бидејќи имаат висок отпор на воздухот."
"Очигледно, оваа погрешна насока е истата насока во која неодамна се разви автомобилската индустрија генерално, сè поголеми и потешки автомобили и опсесијата на луѓето дали возат електрични автомобили или автомобили на бензин."
"Најголемиот проблем е количината на енергија потребна за движење, без разлика од каде доаѓа таа енергија. Па така, според мене малата тежина и аеродинамичната ефикасност се двете најважни карактеристики."
"Безбедносните аспекти природно стануваат поголем проблем. Колку е потежок болидот/автомобилот, толку посилен треба да биде. Според мое мислење, ни требаат помали, полесни и енергетски поефикасни болиди/автомобили."
АДРИЈАН ЊУИ: ФОРМУЛА 1 ОДИ ВО ПОГРЕШНА НАСОКА
5/26/2022 11:29:00 AM
0
Tags
Share to other apps



