Тимот на Вилијамс го објави продолжувањето на договорот со Алекс Албон за 2023 година и понатаму. Името на неговиот тимски колега ќе биде објавено подоцна, а меѓу претендентите се споменуваат Ник де Врис и Николас Латифи.
Алекс Албон: "Многу сум среќен што останувам во Вилијамс во 2023 година и со нетрпение очекувам што можеме да постигнеме со тимот во преостанатите трки од овој шампионат и следната сезона. Тимот работи напорно за да напредува, па затоа сум многу мотивиран да продолжам да соработувам и да учам и да напредуваме заедно."
Јост Капито, тимски шеф: "Алекс е одличен возач и ценет член во тимот на Вилијамс, па со задоволство потврдуваме дека тој ќе продолжи да работи со него на долгорочна основа. Алекс има одлична комбинација на вештини и увид што ќе му помогне на тимот да постигне повеќе во иднина. Тој е силен возач кој докажа дека е популарен и лојален член на тимот и ние сме воодушевени што ќе ни обезбеди стабилна основа од која понатаму ќе се развиваме во ерата на болидите од новата генерација."
ОФИЦИЈАЛНО: АЛЕКС АЛБОН ПРОДОЛЖУВА СО ВИЛИЈАМС
8/03/2022 07:29:00 PM
0
Share to other apps