Одборот на ФИА за верификација на договори го одобрил договорот меѓу Мекларен и Оскар Пјастри за 2023 сезоната.
Ова го пренесува холандскиот магазин РејсингЊуз365, повикувајќи се на свои извори. Според изданието, Пјастри имал договор со Алпин само за 2022 година со опција за 2023 година, но тимот не ја искористил навреме.
Како резултат на тоа, договорот помеѓу Пјастри и Мекларен бил потпишан вечерта на 30 Јули, дури и пред официјално да биде потврден трансферот на Фернандо Алонсо во Астон Мартин.
Интересно, уште пред да го потпишат договорот со Пјастри, адвокатите на Мекларен се обратиле до Одборот за договори на ФИА, кој потврдил дека Оскар нема валиден договор со Алпин за 2023 година.
Дури потоа тимот од Вокинг ги потпишал сите документи со младиот австралиски возач кој ќе го замени Даниел Рикиардо. Тимот на Алпин нема да ја оспори одлуката на ФИА, бидејќи претходно сите тимови едногласно одлучија дека тоа е највисокото тело кое одлучува за договорни прашања.
Иднината на Даниел Рикиардо е доведена во прашање. Најверојатната опција за продолжување на неговата кариера би можело да биде враќање во тимот од Енстон. Мекларен се уште не сака да ја коментира ситуацијата околу Пјастри и Рикиардо.
НЕОФИЦИЈАЛНО: ОСКАР ПЈАСТРИ ПОТПИШАЛ ЗА МЕКЛАРЕН
8/05/2022 11:46:00 AM
0
Share to other apps