Првиот македонски тим настапи во финалниот натпреварот F1 in Schools кој се одржа на легандарната патека Силверстон. Деби настапот беше скромен, со освоено 24-тото место во конкуренција на 33 физички присутни тимови од над 50 земји.
Именуван како "AerthRacing" е првиот тим која ја претставуваше Македонија и е составен од пет ученици од гимназијата Орце Николов, Скопје и тоа: Kалин Јовановски, Мила Перинска, Марио Блажевски, Мирослав Мишоски и Никола Мишоски.
Заблагодарувајќи се на машински факултет за нивната поддршка, членот на тимот Мирослав Мишоски рече дека е возбуден што ја претставуваше Македонија на Силверстоун, и се надева на многу подобар пласман следната година:
"Беше неверојатно искуство и чест да се добие шансата да ја претставуваме нашата земја, овозможена со поддршка од нашите спонзори, вклучително и машинскиот факултет."
"Запознавме многу различни луѓе од целиот свет и научивме многу важни вештини кои ќе можеме да ги примениме во нашите животи и нашите работни места во иднина. Некои од пријателствата што ги создадовме може да траат со години и научивме многу за различноста на земјите ширум светот."
"Не сите беа пријатни доживувања, особено нетрпеливоста што нашите јужни соседи ја имаат кон нас. На последниот ден, имаше платно на кој секој од тимовите можеше да напише што сака. Нормално, ние си го нацртавме знамето и пишавме МАКЕДОНИЈА, и одеднаш гледаме некој допишал NORTH."
"Го пречкртавме додатокот, по што грчките ментори дојдоа да се расправаат и после цело име ни го пречкртаа. Откако се смири тензијата, намерно напишав МАКЕДОНИЈА во аголот да не може да додаваат ништо, но сепак успеале да вметнат N."
"Што се однесува до нашиот пласман, како за дебитанти можеме до некаде да бидеме задоволни, ги научивме сите "финти" кои може да се употребат за што подобар пласман. Како и да е не сме разочарани со оглед на тоа што многу од тимовите имаа многу поголема подршка и беа добро подготвени."
"За крај да напоменам дека нашиот тим е во потрага по нови членови, marketing manager, resource manager, sustainability manager. Сите заинтересирани, кои го исполнуваат условот да се на возраст 14-18 години може да не контактираат. Од 1-ви Септември ќе одлучиме кој ќе ни се приклучи."
Натпреварот им дава шанса на учениците уште од рана возраст да ја дознаат комплексноста на Ф1 инженерството и дизајнот. Ф1 болидите со кои се натпреваруваат се во должина од само 20 см, но строгите регулативи се слични на вистинските Ф1 болиди од повеќе милиони евра.
Сите болиди кои учествуваат во трките за овој настан - F1 in schools, се придвижувани само од еден кертриџ со компримиран воздух од 8 грама. Болидите се дизајнирани да ја поминат тркачката оддалеченост од 20 метри што е можно побрзо, додека ги издржуваат силите на забрзување, поминување на целата патеката и физичко забавување по преминувањето на целната линија.
F1 IN SCHOOLS: ДЕБИ НАСТАП НА МАКЕДОНСКИ ТИМ
8/07/2022 01:09:00 PM
0
Share to other apps