Комисијата за признавање на договори ги разгледа документите добиени од Мекларен и Алпин во врска со договорот на Оскар Пјастри и донесе едногласна одлука. Комисијата смета дека единствениот договор што треба да се признае е договорот помеѓу Мекларен и Пјастри од 4 јули 2022 година.
Австралиецот има право да вози за Мекларен во сезоните 2023 и 2024. Комисијата за признавање договори беше составена од четири лица од различна националност и четири заменици.
Сите тие се реномирани квалификувани адвокати со соодветно искуство во областа на договорното право. Во овој случај, со договорот се занимаваа: Претседателот Јан Хантер, професорот Клаус Петер Бергер, Матје де Боасесон и Стефано Азали.
Неколку минути по објавувањето на одлуката на Комисијата, тимот на Мекларен го објави своето возачко дуо за 2023 година. Австралискиот дебитант во Формула 1 потпиша повеќегодишен договор и ќе го замени Даниел Рикиардо, станувајќи тимски колега на Ландо Норис.
Оскар Пјастри: "Многу сум среќен што ќе можам да дебитирам во Формула 1 со реномираниот тим на Мекларен и им благодарам за довербата. Овој тим им даде шанса на многу талентирани млади возачи и со нетрпение очекувам да работам со Ландо за да го однесеме тимот на врвот на табелите. Целосно сум фокусиран на подготовките за моето деби во Формула 1."
Речиси истовремено со објавата на Мекларен, со свое соопштение излезе и тимот на Алпин.
"Тимот на Алпин се заблагодарува на CRB и ја признаваме одлуката донесена од комисијата. Од наша страна го сметаме прашањето затворено и подоцна ќе го објавиме нашето возачко дуо за 2023 година."
"Сега целото наше внимание е насочено кон настапот на трката за Големата Награда на Холандија, каде ќе се обидеме да освоиме бодови за да ја продолжиме борбата за 4-то место во шампионатот на конструктори."
ФИА ОДОБРИ: ОСКАР ПЈАСТРИ Е ВОЗАЧ НА МЕКЛАРЕН
9/02/2022 05:02:00 PM
0
Share to other apps