Чарлс Леклер го предводеше двојниот пласман на Ферари на вториот тренинг за Холандското Гран При. Многу блиска сесија, со Карлос Саинц Јр. на второто место и Луис Хамилтон со 72 илјадитинки задоцнување на третото.
Почетокот на вториот тренинг беше одложен за 15 минути за да се решат ефектите од инцидентот на Дарувала во последните минути од квалификациите за Формула 2.
Во однос на претходната сесија состојбата на патеката се подобри, тркачката линија беше покриена со повеќе гума, но релативно силниот ветер продолжи да импречи на возачите од сите шампионати.
Ферстапен речиси целосно го пропушти првиот тренинг поради проблеми со менувачот, кој беше променет помеѓу двете тренинг сесии, па на вториот беше еден од првите возачи кој излезе во акција.
За промената нема да следува казна, менувачот кој се расипа беше од т.н. петочни кои се при крај на својот животен век. Пјер Гасли ги загуби првите десет минути поради проблеми со болидот, но потоа можеше да излезе на патеката.
Возачите ја разработија традиционалната програма за оценување на животниот век и ефикасноста на пневматиците на патеката, фокусирајќи се на подготовка на болидите за квалификации, што е особено важно на тесна патека како Зандворт.
Откако го започнаа тренингот со долги серии на жолтите пневматици, возачите се префрлија на црвените, но повторно беа развеани црвените знамиња во 48-та минута, кога Јуки Цунода заглави во чакалот на излезот од десеттиот свиок.
Даниел Рикиардо исто така предвреме го заврши тренингот поради протекување на системот за ладење. До крајот на сесијата останаа неполни четири минути, кога на излезот од пит-линијата се вклучи зеленото светло.
Возачите со мало количество гориво се упатија на патеката со црвените гуми, но никој не нападна со целосна сила, а излегувањето беше повеќе за вежбање на стартната процедура.
Мерцедес АМГ сака да го искористи пристигнувањето на кратката и кривулеста патека како Зандворт за да се обиде да направи изненадување, како што направија во Унгарија.
Знаеме дека викендот во Унгарија беше најуспешен за Мерцедес АМГ во досегашниот тек од сезоната, со неочекуваната Пол позиција за Џорџ Расел и двојниот пласман на подиумот на неделната трка.
Уште на првиот тренинг се покажа дека не блефираат. Џорџ Расел беше најбрз, следен од Луис Хамилтон, додека Ферстапен имаше проблеми со менувачот. На вториот тренинг Ферари имаше 1-2 пласман, но Луис Хамилтон заостана само 72 илјадитинки зад лидерот, а Џорџ Расел влезе во Топ 5 без да го подобри своето време од првиот тренинг.
Се чини дека Мерцедес АМГсе враќа во игра за посериозен пласман и во Зандворт. На W13 му одговараат овие типови на патеки и тие ќе се обидат да го искористат тоа. Секако, треба да се напомене дека на овие тренинг сесии не се знае мапирањето на моторите, како и горивото во резервоарите, па нема да биде изненадување ако некој тим ги крие своите адути.
Ако го погледнеме пласманот на Ландо Норис, четврти во вториот тренинг 2, една десетинка зад Леклер, веројатно ќе има секакви варијанти во игра за утрешните квалификации.
Она што најмногу "чкрипи" е настапот на Ред Бул. Ферстапен, по дефектот првиот тренинг, можеше само до осмото време на втората сесија. Серџо Перез, пак, забележа слаби времиња, седмо и дванаесетта. Многу редок случај за најдоминантниот тим на сезоната.
Во секој случај, се чини дека борбата за Пол позицијата ќе биде многу тесна меѓу Ред Бул, Ферари и Мерцедес АМГ, плус не е јасно дали ќе заврне дожд. Утре не очекува интересен ден. Квалификациите се закажани за 15:00 часот.
ЧАРЛС ЛЕКЛЕР НАЈБРЗ НА ПЕТОЧНИТЕ ТРЕНИНГ СЕСИИ
9/02/2022 06:00:00 PM
0
Share to other apps