Макс Ферстапен доминираше на петочните тренинг сесии за Големата Награда на Јапонија, која се вози на патеката Сузука, и уште еднаш ги покажа јаките страни на РБ19. Сепак, ова е патека која оди целосно во прилог на болидот на Ред Бул.
Досега Ред Бул беше ранлив само во еден случај, на патеката Марина Беј, но на денешните тренинг сесии се покажа дека тие се уште се референца, иако веќе престанаа да го развиваат РБ19 пред неколку трки.
Сите гласини околу влијанитето на најновите технички директиви на ФИА, ТД018 и ТД039 овој викенд треба да ги стави зад нас.
Самиот Хелмут Марко во текот на изминатава неделава јасно стави до знаење дека проблемите во Сингапур нема да се повторат во Јапонија, а Макс Ферстапен си презеде обврска да го оправда поранешниот австриски возач.
Но, за тоа да биде 100% заверено не дозволуваат резултатите на Серџо Перез. Формата на Мексиканецот е енигма...
Во петокот наутро имаше облаци околу патеката, но асфалтот остана сув. Пирели за овој викенд ја донесе на евалуација новата смеша C2, наменета за следната сезона, па повеќето тимови ја започнаа сесијата со проценка на нејзината ефикасност.
Првично таа требаше да се тестира на вториот тренинг кој првично беше закажано да трае 90 минути, но во последен момент беше одлучено тоа да се направи по слободен избор на возачите во текот на двете тренинг сесии, па така попладневната сесија беше ресетирана на 60 минути.
Патеката во Сузука беше изградена како полигон за тестирање, па тоа беше место каде многу поефикасно ќе се проценат новите производи на тимовите, отколку во Сингапур, па така многумина работеа со решенија за следната сезона.
Ленс Строл се врати зад воланот на својот Астон Мартин, по тешкиот инцидент на квалификациите во Сингапур, по кој мораше да ја пропушти трката. Максималната Г-сила во моментот на ударот достигнала 50Г.
Сесијата помина без поголеми проблеми. Логан Сарџент излета од патеката, Ферарито на Саинц Јр. го погоди аеродинамична боја од болидот на Мекларен, Ферстапен не беше задоволен што Расел му се вмеша во брзиот круг, иако Џорџ дури и возеше преку белата линија за да го пушти да помине.
На крајот од сесијата имаше слаб дожд, но тоа не влијаеше на состојбата на асфалтот. Макс Ферстапен беше убедлив и далеку пред сите на врвот на табелата со круг над шест десетинки побрз од второпласираниот болид на Ферари.
За време на попладневниот тренинг гледачите ги наполнија трибините, и по традиција со разни импровизирани предмети навиваа речиси за сите возачи на гридот. Формула 1 во Јапонија е многу сакана и очекувана, поддржувајќи ги апсолутно сите.
Тимовите го искористија петокот и за работа со нови делови за следната сезона. Утрото Ферари ја подели програмата, само Леклер го доби новиот под, додека Саинц Јр. работеше со стариот, а на вториот тренинг и двајцата го користеа новиот.
Мерцедес АМГ и Мекларен донесоа модифицирано задно крило, а АлфаТаури тестираше неколку нови елементи. Вилијамс работеше со нов под.
Покрај тоа, продолжи и тестирањето на нова верзија на пневматиците C2, кои Пирели ги подготвува за следната сезона.
На втората сесија имаше неколку инциденти. Кевин Магнусен мораше нагло да закочи и да излета од патеката за да избегне судир со бавниот болид на Саинц Јр., а потоа сличен инцидент се случи и со Лиам Лосон.
Луис Хамилтон и Алекс Албон имаа незгодно прелетување низ рабниците во деветтиот свиокот, потенцијално оштетувајќи го подот.
На две минути со крајот на сесијата, Пјер Гасли изгуби контрола врз својот Алпин на излезот од деветтиот свиок, по што заврши во бариерите покрај патеката. Се појавија црвени знамиња и беше одлучено тоа да биде крај на вториот тренинг.
Трката за Големата Награда на Јапнија се одржува веднаш по Големата Награда на Сингапур, каде речиси сите тимови претставија технички иновации, па сега има многу помалку ажурирања, а најзабележителни се тие на Ферари кои донесоа нов под и во склоп со него аеро подесувања на дифузорот и каросеријата на SF-23.
МАКС ФЕРСТАПЕН СЕ НАЛУТИ, ДОМИНИРАШЕ НА ПЕТОЧНИТЕ ТРЕНИНГ СЕСИИ
9/21/2023 11:32:00 PM
0
Share to other apps