Формула 1 во завршните фази од 2023 шампионатот ќе се упати на американскиот континент каде ќе гледаме три последователни трки, од 20 октомври до 5 ноември, во три различни земји: САД, Мексико и Бразил.
Кога станува збор за изборот на смеши, две се исти, а една е сосема нова за оваа година. Номинациите се непроменети од минатата година за Остин и Интерлагос: C2 како бели, C3 како жолти и C4 како црвени гуми.
Сепак, за Големата Награда на Мексико Сити, изборот ќе биде еден чекор помеки смеши од минатата година: C3 како бели, C4 како жолти, и C5 како црвени гуми.
Новата верзија на C4 смешата, планирана за употреба од следната сезона, ќе се испроба и на патеката Браќа Родригез за време на тренинг сесиите. Тимовите ќе добијат два дополнителни сета по возач, кои ќе можат да ги користат кога сакаат во текот на петочните тренинг сесии.
Другите два тркачки викенди, во Остин и Сао Пауло, ќе бидат во спринт форматот, со само еден тренинг пред петочните квалификации. Во сабота имаме Спринт престрелка, т.е. квалификации на кои се одредува стартниот поредок за самиот Спринт во попладневните часови.
Во недела вообичаено се одржува трката. Ова ќе биде првпат патеката на Америка да одржува спринт викенд, додека Интерлагос веќе беше домаќин на спринт форматот и во 2021 и во 2022 година.
Оваа година, бројот на смеши што Пирели може да ги номинира во текот на целата сезона се зголеми на шест бидејќи е создадена нова смеша во најтврдиот ранг. Тие се нумерирани од нула до пет, од најтврда до најмека, со буквата "C" што значи "смеша".
C0 - Минатогодишната C1 смеша станува C0 за 2023 година. Ова е најтврдата гума во гамата, која ќе биде номинирана за патеките што одземаат најмногу енергија од пневматиците. Дизајнирана е да обезбеди максимална отпорност на топлина и екстремни сили, способна да работи многу долго, но тоа доаѓа на сметка на перформансите.
C1 - Ова е новата смеша за 2023 година која по своите особини се наоѓа помеѓу C1 и C2 од минатата година. Таа беше создадена за да се намали разликата во перформансите помеѓу она што претходно беа двете најтврди смеши во опсегот.
C2 - Третата најтврда смеша останува многу погодна за побрзите, пожешките и поабразивните патеки. Поцврстите гуми понекогаш се номинирани за нови патеки, обезбедувајќи конзервативен избор, така што оптоварувањето на гумите може да се потврди во практични услови.
C3 - Оваа смеша е исклучително разноврсна и може да се користи како најтврда, мадиум или најмека гума од која било селекција од три номинирани смеши. Со одличен баланс помеѓу перформансите и издржливоста, таа е добро прилагодена на широк опсег на услови.
C4 - Оваа смеша е назначено да работи добро на патеки со ниска оптовареност на пневматиците, каде што е потребно доста брзо загревање за да се постигнат врвни перформанси што е можно поскоро. Оваа гума се користи многу во текот на целата сезона.
C5 - Ова е најмеката гума во гамата, дизајнирана за најбавните патеки со мало абење и деградација каде што е потребен максимален механичка зафат(грип) од гумата. Тие обично се гледаат на уличните патеки или каде што асфалтот е исклучително мазен.
ДВЕ ПОТВРДИ И ЕДНА ПРОМЕНА ЗА АМЕРИКАНСКИОТ КОНТИНЕНТ
10/01/2023 11:03:00 AM
0
Share to other apps