Серџо Перез уверува дека медиумите многу повеќе ги оценуваат неговите грешки отколку оние на другите возачи.
Мексиканецот се сеќава дека кога Џорџ Расел направи грешка во последниот круг во Сингапур и го загуби подиумот, никој ништо не кажа.
Кога тој минатиот викенд имаше тешка трка во Јапонија, брзо дојдоа критики и повици да биде сменет.
Перез јасно става до знаење дека е под поголем притисок од медиумите поради тоа што е возач на Ред Бул и тоа е веќе докажано во текот на оваа сезона.
"Расел заврши во заштитните бариери во последниот круг во Сингапур кога се бореше за второто место, но во медиумите никој не кажа ништо за тоа."
"Кога тоа ќе му се случи на возач на Ред Бул, веднаш има илјадници луѓе кои велат дека тој мора да се замени", изјави Перез на настан организиран од Форд Мексико.
Перез верува дека медиумите имаат голема наклоност во зависност од националноста на возачите, бидејќи да се биде Мексиканец не е исто што и да се биде Британец.
Чеко е многу горд што можеше да ја претставува својата земја во текот на сите овие години во Формула 1 и пред се, што овозможи да се свири химната на Мексико на шест трки.
"Вакви работи се случуваат во Формула 1 и така функционира динамиката во опкружување од ваков калибар, но мислам дека и фактот што сум Мексиканец има големо влијание."
"Имам голема среќа што сум роден во Мексико и да ја имам поддршката што ја имаа многу малку пилоти во последните години. Многу сум горд што можам да ја претставувам мојата земја низ целиот свет."
СЕРЏО ПЕРЕЗ ГИ ПОТВРДИ НАШИТЕ ОПСЕРВАЦИИ
10/01/2023 07:34:00 PM
0
Share to other apps