Макс Ферстапен ја освои Пол позицијата за Големата Награда на Кина, негова 37-ма во Формула 1, јубилејна за Ред Бул.
Серџо Перез во последниот обид го обезбеди првиот стартен ред за својот тим, а Фернандо Алонсо успеа да ја задржи истата, 3-та, стартна позиција која ја имаше и на спринт квалификациите.
Невообичаено чувство е да имаме квалификации веднаш по возбудливата акција на саботниот спринт, но тоа го донесе новата промена на овој форматот.
Видовме неколку изненадувања, како што е отпаѓањето на Луис Хамилтон во Q1 сегментот, откако беше втор во Спринтот. На врвот, сепак, немаше изненадувања. Макс Ферстапен уште еднаш ја покажа својата моќ и забележа нова Пол позиција на патеката што Формула 1 не ја посетила од 2019 година.
Серџо Перез ја потврди доминацијата на Ред Бул со втората позиција, но Мексиканецот мораше да се испоти за неа и во тоа успеа само во последниот брз круг, победувајќи го Фернандо Алонсо кој беше втор во првите брзи круга во Q3.
На шпанецот му фалеше една десетинка, но успеа да биде побрз од "опасните" конкуренти, возачите на Мекларен и Ферари.
Ландо Норис беше четврти, пред Оскар Пјастри, Чарлс Леклер пред Карлос Саинц Јр., распределени во ралика помала од десетинка и пол!
Карлос Саинц Јр. по се изгледа се уште го држеше нервозата од блиската битка со Фернандо на спринтот, на 6 минути до крајот од Q2 сегментот речиси го уништи своето Ферари, губејќи контрола во последниот свиок и завршувајќи во заштитните бариери.
Добро е што при тоа му изгасна болидот, па мораше да бидат равеани црвените знамиња, по што некако успеа да го стартува болидот и прекинот му овозможи да се врати во својата гаража и неговите механичари го средија неговиот SF-24 за понатамошно учество.
На крај, само со промена на носот на болидот успеа да стигне до 7-та стартна позиција, само 0.008 делови од секундата зад неговиот тимски колега на П6. Топ 10 поредокот го комплетираа Џорџ Расел, Нико Хулкенберг и Валтери Ботас.
Најнова вест: Астон Мартин поднесе приговор против резултатите од квалификациите!
Повреда на чл. 39.6 од правилата:
Секој возач чиј болид ќе застане на патеката за време на квалификациската сесија или на спринт престрелката нема да му биде дозволено дополнително да учествува во таа сесија.
Стјуардите одлучија да го отфрлат приговорот.
Макс Ферстапен победи на првиот спринт во сезонава, осми во неговата кариера. Луис Хамилтон заврши втор, Серџо Перез трет.
По само околу три часа од завршувањето на спринтот следеа квалификациите за утрешната трка.
Битката продолжи во 09:00 часот, до тогаш болидите излегоа од режимот затворен паркинг и со новите правила можеше да се работи на нивното поднесување.
Карлос Саинц Јр. изнервиран од Алонсо го направи спринтот поинтересен, но за малку ќе страдаше неговиот тим.
Шпанецот доби 10 секунди казна и 3 казнени поени во Ф1 лиценцата. Казната не влијаеше на неговиот резултат, секако беше последен, поради дупната гума во 17-от од 19-те круга.
Според нас недопустлива битка со својот тимски колега, за која од далеку се гледаше дека нема да ја добие! Плус му одзеде драгоцено време да ја продолжи битката со Перез.
Сите што рано станаа да го гледаат спринтот беа сведоци на одлична борба на патеката, многу ризична која за жал тргна наопаку.
Фернандо Алонсо можеби беше премногу агресивен во одбраната против Саинц Јр., се уфрли внатре во допирот меѓу двајцата, исто како што подоцна Саинц Јр. беше дупло поагресивен, исфрлајќи го тимскиот колега надвор од патеката, најверојатно во жарот на битката, но требаше да биде многу повнимателен.
Од друга страна, задоволство е што конечно видивме агресивност на патеката, нешто што недостигаше на претходните трки.
Серџо Перез беше стрплив, можеби премногу, но на крај доби шанса за двојно претекнување во вистински момент, за П3, но Луис Хамилтон веќе беше премногу напред за да нападне.
Макс во негов стил, од кога ги "среди" гумите, понатака се беше лесно. Во само десетина круга 13 секунди предност во однос на Мерцедесот АМГ на Хамилтон.
На крај да го споменеме возачот кој тргна од првата позиција. Ландо Норис имаше лош старт, дозволувајќи му на Луис Хамилтон да се израмни со него од внатрешната страна на првиот свиок, па беше лесна мета за возачот на Мерцедес АМГ, кој премина во водство.
Неколку моменти подоцна Ландо Норис имаше излегување надвор од патеката и падна на седмото место. Се што добро направи на спринт квалификациите го изгуби со една грешка. За враќање кон врвот немаше ни минимална шанса.
РЕД БУЛ СО 100 ПОЛ ПОЗИЦИИ, МАКС ПОБЕДНИК НА СПРИНТОТ
4/20/2024 01:13:00 AM
0
Share to other apps