Луис Хамилтон беше најбрз на вториот тренинг за Големата Награда на Шпанија која се вози на патеката Каталуња.
Британецот ги победи Карлос Саинц Јр. за 22 и Ландо Норис со 55 илјадити делови.
Најбрзите девет возачи се разделени со само половина секунда, а овој пат на првите 5 места имавме 5 различни болиди.
По блиските времиња од првиот тренинг на кој како референца беше Ландо Норис, возачите излегоа во акција на вториот тренинг, кога асфалтот на Каталуња се загреа до 44 степени.
За неколку минути сите возачи беа на патеката, 16 со жолтите гуми и четворица, Пјастри, Албон, Гуанју и Сарџент, со бели.
Времињата на почетокот на сесијата беа изненадувачки брзи. Џорџ Расел беше 83 илјадитинки зад Норис во неговиот прв круг, а набргу потоа Макс Ферстапен стартуваше со време од 1:14.447 со виолетов прв сектор.
Имаше повеќе брзи круга со жолтите гуми, а Мерцедес АМГ беше особено брз. Луис Хамилтон успеа да извози круг за второ место со само 97 илјадитинки заостанување зад Ландо Норис, но Џорџ Расел со вториот брз круг се врати во борбата и го освои првото место.
На крајот на оваа прва серија на кругови, Расел водеше на табелата, пред Норис, Хамилтон, Ферстапен, Саинц Јр. и Леклер.
По првата третина од сесијата, возачите се префрлија на црвените гуми на Пирели, со што времињата значително се подобрија.
Карлос Саинц Јр. беше првиот од горниот дел на табелата што комплетираше брз круг на најмеката смеша за оваа трка и се искачи на првото место со 1:13.286. Чарлс Леклер имаше три десетинки побавно време од тоа својот тимски колега.
Набргу потоа следуваше кругот на Ландо Норис со 1:13.319, само 33 илјадитинки зад Карлос. И, на радост на шпанските навивачи, Макс Ферстапен го заврши својот прв обид со време од 1:13.504.
Возачите на Мерцедес АМГ ги имаа своите брзи круга малку подоцна, а Луис Хамилтон имаше извонредно време, подржан од заветрината на Фернандо Алонсо во последниот сегмент од кругот.
Британецот забележа 1:13.264 со што се пласираше на првото место, додека Џорџ Расел заостанa четири десетинки зад својот тимски колега во овој случај.
Ова време му овозможи на Луис Хамилтон да остане на врвот до крајот на сесијата, со само 22 илјадитинки разлика пред Саинц Јр. и 55 илјадити пред Норис.
Пјер Гасли, беше изненадување на денот, и со добар круг за Алпин успеа да заврши како четврти најбрз возач, пред Ферстапен, Леклер, Пјастри и Расел.
Тимскиот колега, Естебан Окон, се најде на 9-тото место на табелата, а Валтери Ботас го заокружи пласманот на најбрзите 10 возачи, во кој немаше место за Фернандо Алонсо на П14, веднаш зад Серџо Перез кој имаше проблеми со својот РБ20.
Во последните 20-тина минути тимовите ја насочија својата работа кон тркачкото темпо, така што времињата на табелата останаа непроменети до самиот финиш на тренинг сесијата.
Многумина не беа задоволни од однесувањето на болидите, вклучувајќи го и Макс Ферстапен. Пред почетокот на викендот, тој имаше затворени тестови со тимот во Имола со болидот од 2022 година, тоа сугерира дека навистина имаат проблеми во овој тим и битката е реална.
МЕРЦЕДЕС АМГ ВО ФОРМА, ЛУИС НАЈБРЗ ВО БАРСЕЛОНА
6/21/2024 04:52:00 PM
0
Share to other apps