Сесија на многу тестови на нови елементи, на кои Карлос Саинц Јр. беше најбрз со жолтиот сет на гуми на Пирели.
Оливер Берман, го замени Нико Хулкенберг во тимот на Хас, возејќи ја неговата втора сесија, од шесте планирани за оваа сезона.
Овој тркачки викенд ја започнува серијата од три последователни трки. Лани Макс Ферстапен водеше со голема предност на сите сесии, сите чекаа нешто да се промени во односот на силите.
Десет минути по почетокот на сесијата, Саинц Јр. се пожали на губење на моќноста на Ферари ПЕ, но прекинувачите на воланот успеаја да го надоместат тоа и Карлос продолжи да вози.
Болидот на Леклер занесе на излезот од 12-от свиок и тој се врати во својата гаража, жалејќи се на својот СФ-24. Перез се пожали на сериозно подуправување.
Откако работеа на потврдите гуми во првата половина од сесијата, возачите се префрлија на помеки во втората.
Во 38-та минута од сесијата беа развиорени црвените знамиња, поради остатоци од карбон од предното крило на болидот на Фернандо Алонсо, кога со него помина над рабниците покрај деветтиот свиок.
Возачите се вратија во своите гаражи, прекинувајќи ја серијата кругови. Маршалите беа брзи во отсранувањето на остатоците и акцијата продолжи неколку минути подоцна.
Во последните десет минути речиси сите се фокусираа на тркачкото темпо и добивање на првите податоци за неделната трка.
Во Мерцедес АМГ и Ферари се фокусираа на работата со жолтите, додека во Ред Бул се вратија на истиот сет на црвени гуми со кои ги забележаа најбрзите времиња неколку моменти претходно.
Најбрзото време беше за Ландо Норис, со Ферстапен втор и Саинц Јр. трет. Шпанецот беше најбрз на жолтите гуми, три десетинки од најдоброто време. Џорџ Расел беше четврти, со мало заостанување зад Карлос.
Серџо Перез беше петти, Оскар Пјастри шести, Луис Хамилтон седми и Естебан Окон осми. Алонсо и Алекс Албон ги комплетираа најбрзите 10 возачи.
НАДГРАДБИ НА БОЛИДИТЕ ЗА ШПАНСКОТО ГРАН ПРИ