Карлос Саинц Јр. ги подгреа надежите на шпанските фанови, забележувајќи го најбрзото време на саботниот тренинг на патеката Каталуња.
Шпанецот го водеше поредокот, пред Норис, Леклер, Ферстапен, сите поделени со само 74 илјадити делови од секундата.
На последана тренинг сесија пред вистинската акција, тимовите избраа да возат со жолти или црвени гуми, целосно заборавајќи на белите, кои се чуваат за трката.
Мерцедес АМГ и Ферари започнаа директно со црвените, додека Мекларен и Ред Бул се одлучија за жолтите и сакаа да почекаат уште малку пред да покажат нивните карти.
Во овие почетни моменти, Џорџ Расел го имаше најбрзото време, 1:13.431, само десетинка пред Ландо Норис, кој беше со жолти гуми. Проценетата разлика помеѓу овие две смеши се 0.4-0.5 секунди.
Карлос Саинц беше во истата десетинка како неговиот поранешен тимски колега, а ниту сегашниот Чарлс Леклер не беше премногу далеку.
Астон Мартин, а особено РБ беа тимовите кои донесоа многу нови елементи, но во пракса ништо не финкционира како треба за нив.
Во последната четвртина од сесијата, како и обично, пристигна најинтересниот момент за фановите, квалификациски кругови со црвените гуми!
Ландо Норис беше еден од првите што излезе на патеката, и ако може да им се верува на коментаторите на Скај Ф1, на стар сет црвени гуми и при тоа забележувајќи време речиси четири десетинки подобро од тоа на Џорџ Расел.
Следеа возачите на Мерцедес АМГ, кои не можеа да го победат времето на Мекларен, а при кругот на Луис Хамилтон, имаше кошкање со Ленс Строл кој беше попречен во неговиот брз круг. Двајцата ќе треба да се јават кај стјуардите.
Менаџирањето на гумите е од особено значење и треба да се погоди местото каде да се заштедат, а каде да се нападне со целиот потенцијал на болидот.
Леклер беше малку премногу агресивен во првиот сектор и тоа го чинеше прво место, кое му припадна на Карлос Саинц Јр., со 30 илјадитинки побрзо време од Ландо Норис и 37 од тимскиот колега.
Опасен инцидент се случи во шестиот свиок помеѓу Леклер и Норис. Ландо возеше бавно, Чарлс изнервиран го помина и заврте пред него, при што дојде до контакт помеѓу задното лево тркало на Леклер и предното десно тркало на Ландо. Стјуардите ќе го разгледаат и овој инцидент.
Тука некаде беше и Макс Ферстапен, со 74 илјадитинки заостанување и четврто најбрзо време, на 4-тото место на табелата.
Џорџ Расел беше петти пред Хамилтон кој малку заостана на шестото место. Серџо Перез не може да го следи темпото на својот тимски колега и беше седми со над половина секунда заостанување зад својот тимски колега.
Алекс Албон заврши осми и најави борба со Вилијамс за влез во Q3 сесијата, пред Фернандо Алонсо и Оскар Пјастри кои го комплетираа Топ 10 поредокот.
КАРЛОС НАЈБРЗ, ЛЕКЛЕР ГИ ЗАГУБИ НЕРВИТЕ
6/22/2024 12:29:00 PM
0
Share to other apps