Ландо Норис го победи Макс Ферстапен на квалификациите за Големата Награда на Шпанија со предност од само 0.020 делови од секундата. Ова е само втора Пол позиција за Британецот.
Како што навестуваа сите тренинг сесии гледавме блиска борба за првата позиција на утрешната трка. Но, наместо четири тимови, Ред Бул, Мекларен, Ферари и Мерцедес АМГ, битката беше помеѓу два возачи кои беа над останатите.
Ландо Норис конечно го извозе перфектниот круг, еден од своите најдобри во кариерата, како што и самиот изјави, по што го Макс Ферстапен кој до тогаш го имаше врвот на табелата. Извонреден круг! Возачите на Мерцедес АМГ ќе го имаат вториот стартен ред, тие на Ферари третиот.
По три тренинг сесии со многу блиски времиња, следуваа квалификациите на кои се одредува стартниот редослед за неделната трка и кој е доста важен на патеката Каталуња во Барселона.
Небото беше облачно, а асфалтот на патеката беше поладен за 10 степени од планираното, нешто што одеше во корист на Мекларен.
На почетокот на Q1 сесија немаше голема брзање да се излезе на патеката. Логан Сарџент беше првиот кој комплетираше круг со време 1:14.301, за кое не требаше многу долго да биде подобрено.
Даниел Рикиардо беше првиот што возеше под 1:13, но болидите на РБ, иако со многу надградби, како назадуваа на табелата.
По речиси една третина од сесијата, сите фаворити беа надвор од своите гаражи. Најбрз беше Чарлс Леклер со време од 1:12.257, кое за 49 илјадитинки беше подобрено од Макс Ферстапен, а следните тројца, Ландо Норис, Карлос Саинц Јр. и Џорџ Расел, заостанаа помалку од две десетинки.
Алпин со Пјер Гасли, повторно го имаше почетното изненадување со шесто најбрзо време. Најбрзите 5 возачи, кои практично беа пласирани во Q2, претпочитаа да не користат втор сет на гуми.
Луис Хамилтон не беше успешен во првиот брз круг, па мораше да излезе на патеката со нов сет на црвени гуми и успеа да ја заврши сесијата на врвот.
Од понатамошната борба отпаднаа Ленс Строл на П15, Кевин Магнусен, како и возачите РБ и Вилијамс.
Логан Сарџент и Ленс Строл имаа блиска средба во првиот дел од квалификациите, кога американскиот возач му попречи на Канаѓанецот во 10-от свиок, па стјуардите го казнија Сарџент со казна од три места на стартот. Но, што губиш кога и онака си на П20?!?
Првиот сегмент потврди дека секоја десетинка ќе игра голема улога, а веќе се беше спремно за почеток на Q2 сесијата. Како и во Q1, немаше брзање да се излезе на патеката, бидејќи таа постојано се развиваше.
Прв кој комплетираше време беше Ленс Строл на користени црвени гуми, а посериозните времиња започнаа да излегуваат со времето на Карлос Саинц Јр. кој прв ја донесе границата под 1:11, но Ландо Норис го победи за две илјадитинки, а Макс Ферстапен беше побрз за две десетинки!
Холанѓанецот ги победи Норис и Саинц Јр. за две десетинки и Пјастри и Леклер за три десетинки. Возачите на Мерцедес АМГ заостануваа. Неколку возачи, меѓу нив Ферстапен и Саинц Јр., повторно останаа во гаражата и не излегоа за втор обид.
Во оваа ситуација ја искористија возачите на Мерцедес АМГ, кои "летаа" на патеката, но не успеаја да го победат Макс кој сесијата ја заврши на првото место.
На крајот на сесијата, Фернандо беше единаесетти, но заостануваше помалку од една десетинка зад седмиот, Леклер. Покрај Шпанецот крај на квалификациите беше и за Ботас, Хулкенберг, Строл и Гуанју. Кинезот по прв пат оствари пласман во Q2 сегментот.
По две сесии полни со адреналин и спектакл, време беше за последната пресметка на најбрзите 10 возачи. Температурата на асфалтот продолжи да паѓа.
Како што е вообичаено во Q3, некои возачи, Оскар Пјастри, Серџо Перез и возачите на Алпин го имаа својот прв обид на користени црвени гуми, а останатите беа на нови.
Во првиот обид, Макс Ферстапен минимално го подобри своето време од Q2 сесијата, поставувајќи го реперот на 1:11.673, победувајќи ги Ландо Норис и возачите на Мерцедес АМГ за нешто повеќе од една десетинка.
Карлос Саинц Јр. беше петти со две десетинки и со Леклер дополнителни 34 илјадитинки зад него.
Во последните брзи кругови, иако Макс Ферстапен се подбри на 1:11.403, Ландо Норис изби на Пол позицијата со време подобро за две стотинки.
Луис Хамилтон го победи Џорџ Расел за третата позиција, додека Леклер го стори истото со Саинц Јр. за пет илјадитинки за да биде петти.
Од П3 до П6 разликата е само 0.035 илјадити делови од секундата!
Топ 10 поредокот го комплетираа Гасли, Перез, Окон и Пјастри. Австралиецот имаше избришан прв круг, кој не беше нешто особено добар, но во вториот направи грешка и излета надвор од патеката низ чакалот, па така заврши без забележано време.
Серџо Перез носи казна од три стартни позиции од викендот во Канада, па во стартниот редослед ќе падне на П11.
Трката за Големата Награда на Шпанија е закажана за 15:00 часот по македонско време.
ЛАНДО НОРИС СО ПОЛ ПОЗИЦИЈА НА КАТАЛУЊА
6/22/2024 03:50:00 PM
0
Share to other apps