Естебан Окон ќе биде возач на Хас во 2025 година. Французинот ја менува средината по четврти пат во кариерата и ќе го преземе воланот на болид со погон на Ферари. Заедно со Оливер Берман ќе сочинуваат целосно обновената возачка постава на американскиот тим.
Окон дебитираше во Формула 1 во средината на 2016 година со Манор и после тоа помина две сезони во Форс Индија. Во 2019 година не се натпреваруваше, а потоа беше ангажиран од тимот на Рено, идниот Алпин, со кој ќе ја забележи својата деби победа на трката во Унгарија во 2021 година.
За прв пат во својата кариера, тој ќе ја преземе улогата на главен возач во неговата деветта сезона во Формула 1. Естебан Окон со нетрпение ја очекува нова фаза во неговата кариера, во која има многу надежи, особено за следните регулативи во врвниот мотоспорт.
На ГН на Австралија во 2025 година, Окон ќе стане седмиот возач на Хас од создавањето на тимот, истата година во која тој дебитираше. За нив претходно возеа Роман Грожан, Естебан Гутиерез, Мик Шумахер, Никита Мазепин, Кевин Магнусен и Нико Хулкенберг, но Естебан има нешто повеќе од сите нив и статус на Ф1 Победник.
Оваа одлука на Хас го остава Магнусен надвор од гридот за следната сезона. Данецот се врати во Формула 1 на изненадувачки начин во 2022 година по заминувањето на Мазепин.
Не му помогна нити тоа што беше тимски играч и по цена на неговата репутација како возач, т.е. неговите потези во Џеда и Мајами беа жестоки критикувани.
Најверојатно на крајот од оваа сезона тој ќе мора да се збогува со големиот циркус, како што тоа веќе го направи во 2020 година.
Французинот беше презадоволен од потпишувањето на повеќе годишен договор, бидејќи тоа подразбира негов континуитет во Формула 1 за 2025 година, но и за времето на промена на регулативата.
"Ќе се приклучам на многу амбициозен тим, чиј дух, работна етика и непобитна нагорна траекторија навистина ме импресионираа во последните неколку месеци."
"На лично ниво, многу сум среќен што повторно ќе работам со Ајао, бидејќи тој беше дел од моето деби кога првпат влегов во Формула 1 болид во моите денови со Лотус Јуниор пред повеќе од десет години."
"Хас има возбудливи планови и јасни цели за иднината и со нетрпение очекувам да работам со сите во Канаполис, Банбери и Маранело и да бидам дел од овој голем проект."
Од своја страна, тимот исто така изгледа многу задоволен што го финализираше својата возачка постава за следната година. Откако пред една недела го потврдија заминувањето на Магнусен, во пресрет на Големата Награда на Белгија беше време за потврда. Нешто што, се надеваат, ќе им даде и одредена стабилност.
Aјао Комацу: "Задоволен сум што ги обезбедивме услугите на Естебан Окон. Очигледно сум свесен за неговите таленти долго време и нашата лична историја датира од првото возење на Естебан во Формула 1 болид, јас бев негов тркачки инженер во Лотус."
"Тој тогаш ги покажа своите таленти по силните перформанси во јуниорските категории, штотуку го освои Европскиот шампионат во Формула 3 во 2014 година."
"Естебан стана етаблиран талент во Формула 1 и секако победник на трка. Искуството што тој го носи, не само од неговиот талент, туку и од работата со фабрички тим, ќе ни биде поволно во нашиот раст како организација."
"Од витално значење беше да имаме возач со искуство покрај Оливер Берман, но Естебан има само 27 години, па и тој е сè уште млад. Мислам дека ќе имаме динамична возачка двојка и со нетрпение очекувам да му посакам добредојде на Естебан во нашиот тим во 2025 година."
Џин Јас: "Ми беше важно да имаме возач со познато педигре во Формула 1, и како победник на Ф1 трка, Естебан секако одговара на тој профил. Тоа е тој континуитет што сакаме да го искористиме, воедно зголемувајќи ги перформансите на патеката. Имаме мешавина од младост и искуство во нашата идна возачка постава и јас сум желен да ги видам резултатите."
Тимот на Алпин беше еден од првите што му честиташе на Естебан Окон. "Драго ни е што остануваш, Естебан. Заедно ги очекуваме следните трки.", напишаа тие на социјалната мрежа Х.
Во меѓувреме, Французинот се уште не сака да се збогува со Алпин. Иако е презадоволен од можноста што му претстои и, пред сè, поради тоа што ја обезбеди својата иднина, тој останува посветен на својот сегашен тим.
"Засега мојот фокус и енергија се целосно посветени на Алпин. Имаме уште 11 трки оваа година и јас сум помотивиран од кога било да ја завршам петгодишната соработка со тимот на најдобар можен начин."
Сезоната е особено комплицирана за тимот од Енстон, чии болиди овој викенд ќе имаат специјален изглед.
Во Унгарија тие повторно испаднаа во Q1, а моментално се осми тим на гридот, со само девет поени, и токму со Хас е тимот што треба да го победат.
На сето ова се и најновите гласини дека ќе станат тим-клиент, нешто што би можело да донесе штрајк во нивната база, а тоа може да ги остави без мотори за завршување на оваа сезона.
ХАС ГО ПОТВРДИ ЕСТЕБАН ОКОН ЗА СЛЕДНАТА СЕЗОНА
7/25/2024 01:14:00 PM
0
Share to other apps