Денеска и вчера на патеката Каталуња се одржа особено важна тест сесија на Пирели. Првите прототипови на пневматиците кои ќе се користат од 2026 сезоната ја поминаа првата акција на вистинките патеки.
Како што е потврдено од ФИА, дијаметарот на бандажите од 18" останува ист како кај сегашната генерација на болиди, додека ширината и надворешниот дијаметар на гумите ќе бидат малку помали и на предната и на задната оска.
По првите фази на дизајнирање, симулација и работа на тест креветот, паралелно, развојната програма ќе вклучи серија тестови на патеката извршени со витална соработка на тимовите.
Според првата верзија на техничките прописи, чии детали остануваат да се финализираат, аеродинамичната конфигурација на болидите ќе биде многу различна и поради тоа ќе се промени и оптоварувањето на гумите.
Затоа, практичното тестирање е важно за што поблиску да се репродуцираат условите што ќе се најдат во 2026 година.
Затоа, тимовите што ќе учествуваат во овие тест сесии ќе користат модифициран болид, а првиот од нив е Астон Мартин кој обезбеди адаптиран болид од 2023 година.
Фелипе Другович, нивниот резервен возач имаше два тест дена на патеката Каталуња. Бразилецот, член на младинската академија на тимот од Силверстоун, во првиот ден измина 670 километри, додека денеска помина 722 километри, со што вкупниот број за тестот достигна 1.392.
Марио Изола, Пирели мотоспорт: "Имавме позитивен почеток, бидејќи собравме многу информации кои ќе се покажат корисни додека продолжуваме со развојот на овој нов производ."
"Во оваа многу рана фаза, важно е да се разбере дали податоците од симулаторите одговараат на праксата. За да го направиме ова, соработката на тимовите е од витално значење и затоа, сакам да му се заблагодарам на Астон Мартин што обезбеди модифициран болид за да овозможи овој тест да се одржи."
"Сега нашите инженери ќе ги анализираат податоците, додека паралелно ќе продолжат да го развиваат производот за следната тест сесија која ќе се одржи на патеката Муџело на 8 и 9 октомври, во соработка со тимот на Мекларен."
ПИРЕЛИ ЗАПОЧНА СО ТЕСТИРАЊЕ НА ПНЕВМАТИЦИТЕ ЗА 2026 ГОДИНА
9/18/2024 11:07:00 PM
0
Share to other apps